Вакуф
Вакуф или Вак’в — село во Општина Кратово, во околината на градот Кратово. Според пописот од 2002 г. селото има 122 жители.
Вакуф Вак’в | |
![]() Главната селска црква „Св. Константин и Елена“ во Вакуф | |
Координати 42°03′47″N 22°02′38″E / 42.06306° СГШ; 22.04389° ИГДКоординати: 42°03′47″N 22°02′38″E / 42.06306° СГШ; 22.04389° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Средорек |
Население | 122[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1360 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 14002 |
Надм. вис. | 414 м |
![]() |
ГеографијаУреди
Селото е сместено во областа Средорек, североисточна Македонија, недалеку од левиот брег на Крива Река.
ИсторијаУреди
Во XIX век Вакуф било мало село во состав на Кратовскатта каза. Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Вак’в (Нановци) има 148 жители, сите Македонци христијани[2].[3]
На почетокот на XX век селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Вакуф (Vakouf) има 128 Македонци и 30 Роми[2].[4]
- Легенда за сиромашното семејство од Вак'в и вошката
Според кажувањето на Стевче Доневски, собирач на легенди и преданија од кратовско, многу одамна во маалото Стојкарци живеело едно многудетно семејство. Судбината сакала да живеат во голема сиромаштија и беда. Мајката која имала пет дечиња, постојано сонувала сон во кој непознат глас и велел дека ќе најдат големо богатство кога ќе се пролее крв на најмалото нивно дете. По долго размислување, мајката за да ги спаси од глад и умирање останатите дечиња, одлучила да го спроведе сонот. Според нејзиното толкување на сонот, таа мислела дека најмалото детенце треба да го даде курбан, да падне крв за да семејството се спаси од глад. Го зела детето во раце, го однела во близина на денешниот храм Свети Константин и Елена и со скршено срце, пред да го даде курбан, со солзи во очите го галела по косичката. Во тој миг забележала вошка на главата на детето и со палецот ја притиснала. Вошката се размачкала на главата на детето. Во тој момент, од никаде се појавил силен ветер, кој за неколку секунди го расцепил на средина стариот орев. Од внатрешноста на оревот испаднале стотици златници, кои долги години биле скриени во дрвото. Мајката дури тогаш сфатила дека детето не треба да оди курбан, затоа што крвта на вошката била потребниот курбан. Го собрала азното и се куртулиле од сиромаштија.[5]
НаселениеУреди
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 148 | 128 | 322 | 359 | 400 | 350 | 179 | 162 | 138 | 122 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
РодовиУреди
Вакуф е македонско село.
Според истражувањата од 1975 година, родови во селото
- Стари родови: Петкутинци (8 к.), Зајевци или Здравевци (7 к.), Говедарци (6 к.), Маторачки (4 к.) и Стојкарци (2 к.)
- Доселеници: Портарци (4 к.) доселени се од селото Кетеново. По пропаста на отоманската империја; Ценевци (3 к.) доселени се од селото Тополовиќ. Во исто време со претходниот род.
Роми. во селото живееле и православни Роми
- Стојанови (3 к.) и Петрушеви (3 к.) потекнуваат од двајца браќа. Во селото се од турско време.[9]
Самоуправа и политикаУреди
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на тогашната Општина Шопско Рударе, во која се наоѓале селата Вакуф, Кетеново, Коњух, Секулица, Татамир, Топаловиќ и Шопско Рударе. Општината Шопско Рударе постоела и во периодот 1950-1952 година.
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви[10]
- Црква „Св. Константин и Елена“ — главната селска црква, осветена на 3 јуни 2014 година;[11]
НаводиУреди
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 221.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 130-131.
- ↑ Легенда за сиромашното семејство од Вак'в и вошката
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Осветување на нов храм на светите Констатин и Елена Рамноапостолни во Вак’в