Орман (Скопско)

село во Општина Ѓорче Петров

Орман — село во Општина Ѓорче Петров, во областа Скопско Поле, во околината на градот Скопје.

Орман

Поглед на селото Орман

Орман во рамките на Македонија
Орман
Местоположба на Орман во Македонија
Орман на карта

Карта

Координати 42°4′0″N 21°21′21″E / 42.06667° СГШ; 21.35583° ИГД / 42.06667; 21.35583
Регион  Скопски
Општина  Ѓорче Петров
Област Скопско Поле
Население 546 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1060
Повик. бр. 02
Шифра на КО 25102, 25602
Надм. вис. 350 м
Орман на општинската карта

Атарот на Орман во рамките на општината
Орман на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во северозападниот дел на Скопската Котлина, на територијата на Општина Ѓорче Петров. Орман се наоѓа недалеку од регионалниот пат Скопје-Качаник и е сместено на десниот брег на реката Лепенец.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 350 метри. Од градот Скопје, селото е оддалечено 11 километри.[2]

Селото се наоѓа непосредно на десниот брег на реката Лепенец при неговиот излез од Качаничката Клисура. Покрај селото поминува железничката линија Скопје-Урошевац. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од бунари во селото, но и од изворот Брес во атарот на селото.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Змијарник, Трлиште, Црвеница, Брес, Ливадиште, Пржини Ниви, Воденичиште, Средорек, Преку Јаруга, Метлиште, Лески, Коњушница, Желкарник, Стара Крушка, Чатал и Ограѓе.[3]

Селото е мало и не е поделено на маала. Сите куќи се наоѓаат на исто место.[3]

Во непосредна близина на селото во 2012 година започнала изградба на затворен комплекс за домување наречен „Верина“.[4]

Историја

уреди

Во античко време, во близина на денешното село поминувал античкиот Вардарски пат, забележан во Појтингеровата карта.[5]

На денешната местоположба на селото се верува дека се наоѓал манастирот „Св. Благовештение“. На манастирот припаѓало големото село Орман, сместено 300 метри јужно од манастирот, во месноста Брес, каде се наоѓаат остатоци од куќи.[3]

Се верува дека во манастирот живееле калуѓери, но турската власт на денот на манастирската слава наредила да се сруши и да се убијат калуѓерите. Од масакрот се спасил само еден калуѓер, кој заминал за Скопска Црна Гора, каде во близина на селото Бањане подигнал нов истоимен манастир. Остатоците од стариот манастир може да се видат и денес во селото,[6] каде има и стари гробови.[3]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство.

По рушењето на манастирот, селото го добила некоја „Циганка“[7] со својот син, која претходно помагала во манастирот. Од нив потекнувале и подоцнежните сопственици на селото. Чифчискиот начин на живот траел до 1925 година.[3]

За околината на селото Орман, Јордан Хаџи Константинов-Џинот го забележал преданието за борбата меѓу Крали Марко и Муса Кесеџија, кои се договориле да се борат, при што, ако Муса биде убиен, Марко да му насади смокви, а ако Марко биде убиен, Муса да му насади лоза. Бидејќи победил Крали Марко, тој насадил смокви како спомен на борбата. Според Џинот, гробот на Муса Кесеџија се наоѓал до реката Лепенец и дека „в това село има до 1.000 дрва ораси, една чудесна и морална хубавина има.“[8]

Стопанство

уреди

Селото има мал атар, кој зафаќа простор од 3,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 206 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948210—    
1953215+2.4%
1961205−4.7%
1971229+11.7%
1981297+29.7%
ГодинаНас.±%
1991236−20.5%
1994227−3.8%
2002461+103.1%
2021546+18.4%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Орман Едхем Бег и било со христијанско население. Имало 14 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 43 мажи христијани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.[9]

Стефан Верковиќ го забележува со 71 жител.[10]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орман живееле 45 жители македонски христијани.[11] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Орман имало 32 жители, сите Македонци кој биле под врховенството на Бугарската егзархија.[12]

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 76 жители. Било дел од Општина Бардовци.[13]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[14]

Селото е мало, но без некои значајни промени во бројот на населението. Така, во 1961 година броело 265 жители, од кои 184 биле Македонци, 16 Срби и 3 Албанци. Во 1994 година, селото броело 227 жители, од кои 216 биле Македонци и 8 жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Орман живееле 461 жител, од кои 418 Македонци, 28 Срби, 2 Роми и 13 останати.[15]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 546 жители, од кои 481 Македонец, 3 Албанци, 22 Срби, 5 останати и 35 лица без податоци.[16]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 45 32 210 215 205 229 297 236 227 461 546
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[17]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[18]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[19]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[20]

Родови

уреди

Орман е македонско село. Според истражувањата од 1950-тите на минатиот век, родови во селото се:[3]

  • Староседелци: Здравковци (4 к.), порано живееле на местото викано Брест, а старото презиме им е Гошевци;
  • Доселеници: Николовци (5 к.), доселени се од некое село во областа Порече; Димовци (2 к.), доселени се во 1908 година од македонското село Сарај, каде што претежно живеат Македонци со албанско потекло, пред тоа живееле во селата Горно Свиларе и Кучково; Кузмановци или Избеговци (3 к.), доселени се во 1910 година од селото Визбегово; Петковци (4 к.), доселени се во 1910 година од селото Волково, а таму биле доселени од Радишани; Китановци (1 к.), доселени се во 1909 година од соседното село Кучково, каде имале истоимени роднини; Мрчковци (1 к.), доселени се од селото Горњане, таму имаат истоимени роднини; Кајовци (2 к.), доселени се во 1922 година од селото Бањане, таму имаат истоимени роднини; Василевци (1 к.), доселени се од селото Мирковци, а таму од околината на Витина, Косово; Ристевци (1 к.), доселени се од околината на Пеќ, Косово. Најпрво во Скопје, потоа во селово и Маринковци (1 к.), доселени се во 1928 година од селото Горњане, таму имале истоимени роднини.

Општествени установи

уреди
 
Месна заедница во селото
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Ѓорче Петров, која е една од десетте општини на Град Скопје и која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од тогашната Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Идадија.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Ѓорче Петров.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Вучидол (Волчи Дол), во која покрај селото Орман, се наоѓале и селата Вучидол, Грачани, Кучково и Никиштани. Во периодот 1950-1952, селото исто така било дел од некогашната општина Волчи Дол.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2585 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница во Орман.[21]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 246 гласачи.[22]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед на главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта
  • Барица — населба од неолитското време;[23]
  • Коњушница — населба од железно и раноаноантичко време, некропола со мавзолеј од доцноантичко време и старохристијанска базилика;[23]
  • Св. 40 Маченици — некропола од доцноантичко време;[23]
  • Брес — населба од средниот век;[3] и
  • Манастириште — црква од средниот век.[3]
Цркви
Манастири

Редовни настани

уреди

Иселеништво

уреди

Изумрел родот Цветановци, биле доселени од селото Бардовци. Ормановци (9 к.) и Златановци (4 к.) се иселиле во селото Бардовци.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Отиди кај: 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 223. Посетено на 22 јануари 2019.
  3. Отиди кај: 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски, Јован Ф. (1955). Seoska naselja Skopskog Polja : antropogeografska ispitivanja. Београд: Српска академија наука и уметности. OCLC 54211593.
  4. „Луксузна населба во скопското село Орман“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 2020-01-22.
  5. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Вардарски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 243. Text "series " ignored (help)
  6. Во книгата е наведено дека се наоѓаат во дворот на куќата на семејството Петковски.
  7. Термин користен во самата книга.
  8. „Војната донесе пруга, а железничарите населба“, Публика - неделен политички прилог, број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 2-3.
  9. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  10. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  11. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 207
  12. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  13. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  14. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  15. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 јануари 2020.
  16. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  17. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  18. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  19. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  20. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  21. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 22 јануари 2020.
  22. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-07-13. Посетено на 22 јануари 2020.
  23. Отиди кај: 23,0 23,1 23,2 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  24. Обичаи на денот на змиите во село Орман, Скопско
  25. Најава: Мото крос трки[мртва врска]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди