Пехчево
Пехчево — град во областа Малешевија и административен центар на Општина Пехчево. Познат е по зимскиот туризам.
Пехчево | |||
---|---|---|---|
Град | |||
![]() Центарот на Пехчево | |||
| |||
Местоположба на Пехчево во Македонија | |||
Координати: 41°45′00″N 22°53′00″E / 41.75000° СГШ; 22.88333° ИГДКоординати: 41°45′00″N 22°53′00″E / 41.75000° СГШ; 22.88333° ИГД | |||
Држава | Република Македонија | ||
Регион | Источен регион | ||
Општина | Општина Пехчево | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Драган Тренчовски (СДСМ) | ||
Надм. вис. | 1.158 м | ||
Население (2002) | |||
• Вкупно | 3.237 | ||
Демоним | Пехчевци (мн.) | ||
Часовен појас | UTC+1 | ||
• Лете (DST) | UTC+2 (UTC) | ||
Повик. бр. | +389 033 | ||
Рег. таб. | BE | ||
Мреж. место | www.pehcevo.gov.mk |
ЕтимологијаУреди
Според преданијата, се вели дека Пехчево го добил името по некои печки кои биле сместени под падините на планината Буковик. Овие печки биле поставени заради рудниците кои што се наоѓаат на падините на Буковиќ, а кои биле од потреба за обработка на рудата. Според тоа, Пехчево било нарекувано Печково. Но со текот на времето со доаѓањето на Отоманците, градот го променил името во Пехчево.
ГеографијаУреди
Пехчево се наоѓа во крајниот источен дел на Македонија, во областа Малешевија, оддалечено 10 километри северно од Берово и 27 километри јужно од Делчево. Oколу 20% од територијата на општината Пехчево се обработливи површини, а останатиот дел се пасишта, шуми и необработливо земјиште. Пехчево се наоѓа на 1.000 метри надморска височина и по Крушево, претставува вториот највисок град во Македонија.
ИсторијаУреди
Пред стапнувањето на Турците во Малешевијата, кон крајот на 14 век (1394-1395 г.), дел од месното население на Пехчево, се занимава со експлоатација на железна руда од Буковиќ. Според пишаните документи од 1580 година, овој рудник почнале да го експлоатираат турските власти. Поради добрата местоположба, во Пехчево се населиле нови жители, претежно муслимани, по потекло од ридско-планинските предели од Мала Азија. Со новите сожители, Пехчево во втората половина на 18 и почетокот на 19 век добива ориентален лик. Поради ваквата физиономија на гратчето, Турците го нарекле Османли Касаба (турско гратче), како и поради погодната географска положба и отвореноста кон сите муслимани. Веќе кон крајот на 19 век, гратчето пораснало во голем административен центар на турската управа за поширокиот регион на целата Малешевска област. Токму во тоа време била формирана и Пехчевската каза со седиште во Пехчево. Во последните години од 19 век, во Пехчево имало девет ана лоцирани во центарот на гратчето, саат-кула со специфично ѕвоно кое се слушало надалеку, управна зграда на каза (уќумат), аптека и други објекти. За време на Првата светска војна, повеќето од објектите кои имале ориентални форми, меѓу кои и обновената саат-кула, биле разурнати. Во оваа војна, Пехчево губи и голем број од своите жители, како резултат на иселувањето, претежно од муслиманското население.[1]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во гратчето Пехчево имало 4.070 жители, од кои 3.300 Македонци муслимани, 700 Македонци христијани и 70 Роми.[2]
КлимаУреди
Климата во општината и градот е континентална, со умерено топли лета и долги студени зими. Просечната годишна температура е 9 °C, а просечната релативна влажност изнесува 72% со врнежи од 544,3 mm годишно.
НасeлениеУреди
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Пехчево живееле 4.070 жители, од кои 700 Македонци православни, 3.300 Македонци муслимани и 70 Роми.[3]
- Етнички групи
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 3.237 жители и спаѓал во групата на мали градови.[4] Етнички гледано, населението е составено од:[5]
народ | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Македонци | 3.067 | 94,75 |
Турци | 31 | 0,96 |
Роми | 123 | 3,80 |
Власи | 2 | 0,06 |
Срби | 6 | 0,19 |
други | 8 | 0,25 |
- Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици[5]:
јазик | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
македонски | 3.124 | 96,51 |
турски | 15 | 0,46 |
ромски | 88 | 2,72 |
српски | 15 | 0,15 |
други | 15 | 0,15 |
- Вероисповед
Во Пехчево се застапени следните религиски групи[5]:
религија | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Православни | 3.078 | 95,09 |
Муслимани | 139 | 4,29 |
други | 20 | 0,62 |
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Пехчево:
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1948 | 1.687 | — |
1953 | 1.750 | +3.7 % |
1961 | 1.827 | +4.4 % |
1971 | 1.878 | +2.8 % |
1981 | 2.440 | +29.9 % |
1991 | 3.007 | +23.2 % |
1994 | 3.032 | +0.8 % |
2002 | 3.237 | +6.8 % |
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.687 |
1953 | 1.410 | 0 | 140 | 8 | 0 | 123 | — | 69 | 1.750 |
1961 | 1.696 | 3 | 60 | — | — | 50 | — | 18 | 1.827 |
1971 | 1.788 | 3 | 40 | 22 | — | 15 | — | 10 | 1.878 |
1981 | 2.315 | 5 | 17 | 69 | 0 | 11 | — | 23 | 2.440 |
1991 | 2.880 | 1 | 23 | 88 | 1 | 9 | — | 5 | 3.007 |
1994 | 2.892 | 0 | 23 | 99 | 1 | 8 | — | 9 | 3.032 |
2002 | 3.067 | 0 | 31 | 123 | 2 | 6 | 0 | 8 | 3.237 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
РелигијаУреди
Во Пехчево мнозинството од населението е со православна христијанска веросисповест, а има и муслиманска вероисповест.
ЕкономијаУреди
Главните стопански и индустриски гранки во Пехчево се лесната индустрија, земјоделството и сточарството. Лесната индустрија е застапена со дрвопреработувачкиот, огноотпорниот и конфекцискиот сектор. Исто така ЈП „Македонски шуми“ има подрачна единица во Пехчево. Како најзначајна фабрика во Пехчево од областа на лесната индустрија е фабриката ,,БОМЕКС Рефрактори,,. Од дрвната индустрија позната фабрика е,,ФАГУС,,.
Општината важи за еколошки чист регион и има потенцијали за развој на туризмот и производство на здрава храна. Сите села во околината се поврзани со Пехчево со асфалтирани патишта, и имаат развиена електрична и телефонска мрежа.
ТуризамУреди
На само 10км од Пехчево се наоѓа познатото туристичко место Равна Река. Тука се наоѓаат познатите Пехчевски водопади, изворот на Брегалница, убави летниковци и спортски терени. Местото изобилува со прекрасни викендици и два рибника.
Археолошки локалитетиУреди
- Буковиќ — населба од доцноантичко време;
- Во Реката — рудник од доцноантичко време;
- Градиште (или Манастириште) — градиште од римско време;
- Манастир — старохристијанска црква;
- Рудиште (или Раковец) — доцноантичка и средновековна рударска населба; и
- Селиште — населба од доцноантичко време.
ОбразованиеУреди
- Детска градинка „7 Септември“
- ОУ „Ванчо Китанов“
- Гимназија „Ацо Русковски“
КултураУреди
Од областа на културата, се организираат разни манифестации како:
- Распеано Малешевче - Фестивал на детски песни и ора
- Кинопроекции
- Народни ора - КУД „Јане Сандански“
Спорт и рекреацијаУреди
За спорт и рекреација е изградена спортска сала „Јане Сандански“ каде што младите го поминуваат своето слободно време.
ЛичностиУреди
- Владимир Бочваров (1896 - 1955), лекар во Бугарија
- Георги Ќосев (? - 1915), македонски револуционер
- Димитар Попгеоргиев, македонски правник
- Стојан Вардарски (1900 - ?), македонски револуционер
- Стојан Кантуров (1884 - 1959), македонски револуционер
- Атанас Раздолов (1872-1931), македонски поет
- Ванчо Китанов (1925-1943), макeдонски револуционер
- Атанас Костовски (1 август 1938), легенда на македонското спортско новинарство
- Кирил Андоновски (15 јули 1942), македонски театарски и филмски глумец
ГалеријаУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.60
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 228.
- ↑ Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (II доп. издание). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7. http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/567_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B3%D0%B5%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0,%202016.pdf.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 14 јули 2016.