Мидинци
Мидинци — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Мидинци | |
Координати 41°37′4″N 20°55′32″E / 41.61778° СГШ; 20.92556° ИГД | |
Општина | Кичево |
Население | 60 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 12047 |
Надм. вис. | 732 м |
Мидинци на општинската карта Атарот на Мидинци во рамките на општината | |
Мидинци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Мидинци се наоѓа во областа Горно Кичево, на Зајаска Река. Селото е меѓу планините Буковиќ и Бистра, оддалечено 13,4 километри северно од Кичево. Атарот на селото Мидинци граничи со атарите на селата: Од исток Букојчани, од запад Колари, од југ Зајас, и од север Србиново. Одделни места во атарот на селото ги носат следните имиња: Присој, Буковиќ, Поле, Осијница, Момиран, Колиби, Киш, Варвароец, Качидол, Бачишки ридои, Гура и Голема ледина. Селото е со куќи од збиен тип и се состои од Горна, Чилевска и Илијовска маала.[2]
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.
Според податоците од 1873 година, селото Мидинци имало (познато како Маданци) 19 домаќинства со 70 жители христијани (Македонци).[3]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Мидинци:[4]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
19 | 16 | 16 | 0 | 16 | 38 | 53 | 91 |
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мидинци живееле 192 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Мидинци имало 152 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мидимци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото Мидинци живеат 33 жители, од кои 31 Македонец и 2 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 60 жители, од кои 25 Македонци, 28 Албанци, 1 останат и 6 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 192 | 152 | 156 | 166 | 159 | 132 | 81 | 54 | 47 | 33 | 60 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиМидинци е населено со македонско православно население, во селото има и староседелски и доселенички родови.
Родови во Мидинци се: Чилевци (10 к.), Лазевци (2 к.), Степановци (2 к.) и Илијовци (4 к.), ова се староседелски родови, родовите Лазевци и Степановци потекнуваат од ист предок; Китановци (4 к.) доселени се од некое село во мијачкиот крај, затоа овој род ги нарекуваат Мијаци; Иљковци (2 к.) доселени се од сега албанското село Колари, го знаат следното родословие: Петре (жив на 38 г. во 1961 година) Методија-Стојан-Иљо кој се доселил; Столевци (2 к.) доселени се исто така од селото Колари, го знаат следното родословие: Столе (жив на 52 г. во 1961 година) Гаве-Исе кој се доселил. Тие се најмлад род во селото.[2]
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Балтовци (3 к.), Мијовци (6 к.), Станишовци (5 к.) и Влчевци (1 к.) староседелци. Од Влчевци има иселеници во Ваљево; Китановци (5 к.) доселени се од мијачкиот крај; Чилевци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде; Тодоровци (1 к.) доселени се од некое околно село; Столевци (3 к.) доселени се од мијачкото село Тресонче. Некои од нивниот род преминале во Колари, и таму се поалбанчиле. Ги викале Садиковци.[15]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 822 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 32 гласачи.[17]
Стопанство
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиОд средината на XIX век Мидинци било изложено на напади од околните Албанци од селата Зајас и Колари, па поради тоа Македонците почнале непрестајно да се иселуваат. Иселениците се иселувале во Белград и Смедерево, а иселеници има и на други места. Така родот Здравковци се иселил во Требино, а од Требино подоцна се иселиле во Латово, од кои потекнува Мицко Крстевски. После Втората светска војна, во Кичево се иселиле 4 домаќинства.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован Ф. (1968). Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво. Скопје. стр. 61–62.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
- ↑ Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 34.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-11-02.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Мидинци на Карти на Гугл