Заград
Заград — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Заград | |
![]() Поглед на селото Заград | |
Координати 41°45′15″N 21°5′39″E / 41.75417° СГШ; 21.09417° ИГДКоординати: 41°45′15″N 21°5′39″E / 41.75417° СГШ; 21.09417° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 5 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6535 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03017 |
Надм. вис. | 950 м |
![]() |
Географија и местоположба Уреди
Селото се наоѓа во областа Порече, во северозападниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри.[2]
Атарот е мошне мал и зафаќа површина од само 2,3 км2. На него шумите зафаќаат површина од 180,4 хектари, на обработливото земјиште отпаѓа 38,2 хектари, а на пасиштата 3,6 хектари.[2]
Историја Уреди
Во XIX век, Заград било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство Уреди
Селото нема развиена земјоделска функција.[2]
Население Уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Заград имало 90 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Заград имало 96 жители.[4]
Ова мало село во 1961 година броело 117 жители, а во 1994 година само 26 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Заград имало 17 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90 | 96 | 102 | 115 | 117 | 114 | 72 | 34 | 26 | 17 | 5 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови Уреди
Заград е македонско село.
Родови во Заград се: Бацковци (3 к.), доселени се од гостиварското село Бањица (денес Горна и Долна); Угриновци (3 к.), доселени се од селото Звечан, каде припаѓале на родот Грубановци, подалечно потекло од Закамен; Трајановци (1 к.), доселени се од селото Манастирец (Горен и Долен денес).[10]
Самоуправа и политика Уреди
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Растеш, во која влегувале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Косово и Растеш.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Растеш, во која покрај селото Заград се наоѓале селата Битово, Близанско, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Здуње, Косово, Растеш и Требовље.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место Уреди
Во селото постои избирачко место бр. 0273 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[11]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[13]
Личности Уреди
Наводи Уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 128. Посетено на 7 октомври 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 октомври 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 330–331.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)