Страчинци
Страчинци — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.
Страчинци | |
Поглед на селото Страчинци | |
Координати 42°2′45″N 21°31′55″E / 42.04583° СГШ; 21.53194° ИГДКоординати: 42°2′45″N 21°31′55″E / 42.04583° СГШ; 21.53194° ИГД | |
Општина | Гази Баба |
Население | 1185 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25124 |
Надм. вис. | 400 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото Страчинци се наоѓа во североисточниот дел на Скопската Котлина расположено на југоисточната падина на Скопска Црна Гора[1]. Страчинци е ридско село сместено на надморска височина од 400 метри[1]. Поточно, селото е сместено во засек на падините од двете страни на стрмен дол. Во средината на селото (засекот на долот), а во подножјето на варовничкото возвишение Дрезга избива силен карстен извор соѕидан во шест чешми, со што Страчинци спаѓа во едно од најдобро снабдените села со вода[2]. Атарот зафаќа површина од 6,7 км2, од кои пасиштата заземаат 311 ха, додека обработливото земјиште зафаќа 253 ха[1]. За името на селото понекогаш се слуша и називот Трачинци, а самото село е од збиен тип и се дели на маала кои носат име според својата местоположба (Горно и Долно маало) и по родовите кои живеат (Етемовско, Здравковско)[2].
ИсторијаУреди
Природните и стопанските услови за живот во Страчинци се доста поволни, при што на тоа место отсекогаш морало да постои населено место кое од самото име како и имињата на пределите најпрвин било населено со македонско православно население[2]. Старото македонско население на Страинци се иселило околу 1830 и 1840 година, кога селскиот атар го заземале муслимани доселени од северна Албанија кои ги користеле пасиштата и шумите на падините на Скопска Црна Гора и Турци-чифликсајбии од Скопје кои ги користеле нивите во нискиот дел[2]. За потребите на чифлигот околу средината на XIX век во Страчинци биле населени две македонски домаќинства по потекло од Овче Поле[2]. Во периодот на крајот на турското владеење во селото постоеле два чифлига и имало 17 домаќинства (2 македонски и 15 албански). По заминувањето на турската власт сопствениците на чифлизите земјата ја распродале на Македонците и Албанците кои живееле во селото. Поради фактот што селото е опкружено со македонски села (Брњарци на југоисток, Виниче на северозапад и Стајковци на југозапад) чести се тензиите помеѓу жителите од различна етничка припадност, а не ретки се инцидентите. Меѓусебната недоверба има долга историска традиција, поради тоа што уште во време на турското владеење Македонците на муслиманските Албанци гледале како на повластен елемент со изразено непријателско расположение едни наспроти други кое не било избришано помеѓу постарите генерации ниту во средината на (педесеттите) ХХ век[3].
Името на селото е од македонско потекло, и најверојатно доаѓа според името на птицата - страчка.
СтопанствоУреди
Селото Страчинци има полјоделско-сточарска функција[4]. До 1912 година додека обработливото земјиште припаѓало на чифликсајбиите и ја обработувале Македонците, жителите на Страчинци главно Албанци се занимавале со сточарство односно со одгледување овци, кози и говеда. Во тоа време селаните ја користел и дабовата шума на падините на Скопска Црна Гора која поради сечата сосема ја уништиле[3]. По заминувањето на турската власта земјоделството добило поголемо значење за сметка на сточарството, а особено нагло се раширило одгледувањето на тутун[3]. Во Страчинци се произведува доста квалитетен тутун, а многу домаќинства годишно произведувале по околу 500 кг (за што добивале по околу 500,000 југословенски динари) поради што се сметало дека селото највеќе живеело од тутун. Поради пошумувањето на планината над селото во југословенско време сточарството и шумарството забележале приличен пад[5]. Одење на работа надворе од селото не постоела, но во денешно време тоа е прилично изменето. Земјоделството и начинот на обработката на земјиштето се прилично послаби и полоши споредено со соседните македонски села Стајковци, Брњарци и Црешево. Значаен дел од населението се занимава со сточарство, работа во Скопје како што се трговија и препродавање, занаетчиство, а еден дел луѓе се на привремена работа во странство претежно во западна Европа во Швајцарија, Австрија и Германија.
ДемографијаУреди
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.185 жители. Следува табела на националната структура на населението[6]
Националност | Вкупно |
Македонци | 396 |
Турци | 1 |
Роми | 0 |
Албанци | 787 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Селото бележи постојан пораст на бројот на жители, но занимливи се промените во бројноста на припадниците на етничките групи. Во 1961 година селото имало 541 жител од кои: 69 Македонци, 94 Албанци и 377 Турци, додека во 1994 бројот се зголемил на 1038 жители од кои: 317 Македонци, 709 Албанци и 8 Турци[4].
РодовиУреди
Според истражувањата од 1963 година, родови во селото:
Албански
- Доселеници: Џаџалар (27 к.) нивните куќи им се наоѓаат во Горно маало. Го знаат следното родословие: Амет (жив на 53 г. во 1963 година) Осман-Рушит-Јонуз, основачот на родот кој се доселил од северна Албанија, припаѓаат на фисот Бериша; Еминолар или Кера (14 к.) куќите им се во Долно маало. Го знаат следното родословие: Шаип (жив на 55 г. во 1963 година) Бајрам-Мемиш-Емин, кој се доселил од северна Албанија; Етемолар (16 к.) куќите им се во Етемоско маало, и они потекнуваат од северна Албанија
Македонски
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Во турско време од Македонците наполно се иселил родот Шаневци во соседното с. Виниче, а по Втората светска војна забележано е иселување и во Стајковци и Скопје (населбите Маџари и М.А. Ченто)[3]. Од Албанците забележани се иселувања во Скопје (населбите Сингилиќ, Чаир, Бутел), Турција[3], а во поново време и во западна Европа (Швајцарија, Австрија и Германија).
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.287
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.19
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.20
- ↑ 4,0 4,1 Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.288
- ↑ Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.21
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X