Мралино
Мралино — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.
Мралино | |
Главната улица во Мралино | |
Координати 41°57′24″N 21°36′6″E / 41.95667° СГШ; 21.60167° ИГД | |
Општина | Илиден |
Население | 980 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25092 |
Мралино на општинската карта Атарот на Мралино во рамките на општината | |
Мралино на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Мралино се наоѓа на југоисток од Скопје и припаѓа на Општина Илинден. Од Скопје е оддалечено 17 км и до него се стигнува по автопатот Скопје-Велес, а во негова близина се наоѓа и меѓународниот аеродром „Александар Велики“. Низ селото поминува вештачки канал кој ја собира атмосферската вода и плитките подземни води. Од животинскиот свет може да се види ласица, еж, полски глушец и други, а во последно време се забележува и верверицата. Од птици може да се сретне штрк, ластовица и дива патка, а се забележуваат и чапјата и орелот, како и многу други птици карактеристични за овој регион. Во селото има црква која е во израдба и е посветена на Преображение на Пресвета Богородица. Темелите на црквата се поставени на 30 септември 2001.
Историја
уредиВо Мралино и неговата поблиска околина има старини кои укажуваат на тоа дека овде имало население од дамнешни времиња. На околу 500 м источно од селото се наоѓа вештачко возвишение викано наречено „Тумба“. На ова место се наоѓаат многубројните селски гробови. На средината од Тумбата има плитка вдлабнатина во правец север-југ (12-15 м). Како што се верува, во споменатата вдлабнатина некогаш лежела римска црква. Сосема е сигурно дека тука имало некаква римска населба. До самото село, каде што некогаш биле колективните штали (на југ до автопатот Скопје-Велес), до скоро се познавале стари гробови кои не припаѓаат на денешните родови на населението од тој крај. Според народното предание, денешното село Мралино е основано за време на Турците. Тогаш тоа припаѓало на некоја жена викана Мирали Анам. Како што се верува, по неа денешното село го носи името Мралино.
Пред крај на турското владение, со селото владееле чифлик-сајбии, кои имале свои чифчии, момоци и падари, од христијанско население. Со почетокот на XX век село Мралино имало 30-тина христијански чивчиски куќи. Од страв дека државната власт ќе им ја подели земјата на селаните, беговите го протерале христијанското население. При ослободувањето од Турците, во Мралино останале само 4 трајно населени куќи.
Населување
уредиСо почетокот на XX век село Мралино вкупно имало околу 30 христијански чифчиски куќи. Од страв дека државната власт ќе ја подели земјата на селаните, поколем дел од семејствата околу 1908 година биле протерани од беговите. Од тие иселеници познати се Шапкалиовци, Спасовци, Топузовци, Никанчевци, Крошњаровци и други. При ослободувањето од Турците во селото имало само 4 трајно населени куќи.
Од чивликлукот селото се ослободило по Балканските војни и Првата светска војна. Затекнатото и новонаселеното население добивале земја во најголем дел со помош на аграрната реформа, а еден помал дел со купување од чифлик-сахабиите. Површината што ја зафаќа Мралино е околу 525 ха. По Првата светска војна 100 ха селска земја зела државата за потребите на аеродромот. Таму биле главните селски ниви, додека денешните ниви воглавно биле ливади и бари.
Во Мралино во 1953 година имало 43 македонски и 4 српски родови. Сите овие родови биле воглавно скоро доселени тогаш. Во Мралино (по Трифуновски) , Во 1925 година , имало 14 куќи. Како први населеници се забележани: Колевци живееле и во Петровец, Цуцуловцим доселени во текот на XIX век. Кацовци потекнуваат од Кичевскиот крај живееле во д. Лисиче, Кадино Село. Кумановци дошле од Идризово. Брдаровци , дошле од Бабуна, Велешко, старо презиме Голомеовци. Коштановци дошле од Батинци. Цветановци од Дељадровци, преку Бујковци и Петровец. Попови од Бадар на слив од реката Пчиња. Пејковци дојдени од Кадино село. Никанчевци од Драчево , живееле и во Петровец и во Бујковци. Ристиќи, дојдени од Рвати од Рашка преку Д. Грабовица во Топлица и Скопје. ( Од Старина потекло им е од Призрен , преку територија на Васојевиќи и понатаму во Ибарска долина - Рашка) . По Трифуновски, по 1926 година во Мралино се доселуваат и следниве родови, Бојчевци 1926 година од Побожје скопско, уште по далечно потекло им е од "Велешко ". Ѓаковци и овие 1926 година се дојдени од Побожје, нивното по далечно потекло им е од Ѓаковица- Косово. Јанкови, Говедарови, Стојкови и Горњивски се дојдени 1926 година од Побожје. Бистричани се доселени 1927 година од Бистрица , околината на Велес (овде купиле чифлик, дошле преку Скопје). Спасиќи од околината на Куршумлија дошле 1921 година. Маринковиќи од околината на Куршумлија дошле 1925 година. Јовановиќи дошле 1919 година од околината на Чачак во Кадино Село па од таму Кузман Јовановиќ 1926 година поминува во Мралино како домазет. Семејството Атанаскоски е доселено од селото Здуње, Порече. Во 1966 се доселило и семејството Готиќ (Живоја Готиќ) од с. Могила, Косовско, во 1968 се доселило семејството Ивковиќ (Данило Ивковиќ), во 1969 се доселило семејството Трајковиќ (Милан Трајковиќ), семејствата Ивковиќ и Трајковиќ се доселени од селото Радивојце, Косовско.
Стопанство
уредиНаселението се занимава со земјоделство и сточарство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мралино живееле 42 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мралино имало 24 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Мралино живеат 821 жител, од кои:[5] 625 Македонци, 166 Срби, 29 Роми и 1 Албанец.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 980 жители, од кои 759 Македонци, 4 Албанци, 24 Роми, 119 Срби, 6 Бошњаци, 12 останати и 56 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 285 |
1953 | 237 | 1 | — | — | — | 35 | ... | 1 | — | 274 |
1961 | 236 | 19 | — | ... | ... | 42 | ... | 2 | — | 299 |
1971 | 299 | 7 | — | — | ... | 83 | ... | 1 | — | 390 |
1981 | 511 | 23 | — | 1 | — | 163 | ... | 5 | — | 703 |
1991 | 675 | 12 | — | 21 | — | 156 | — | 27 | — | 891 |
1994 | 616 | 3 | — | 22 | — | 145 | — | 5 | — | 791 |
2002 | 625 | 1 | — | 29 | — | 166 | — | — | — | 821 |
2021 | 759 | 4 | — | 24 | — | 119 | 6 | 12 | 56 | 980 |
Родови
уредиМралино е македонско-српско село.
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:
Македонски
- Доселеници: Колевци (1 к.) најстар род во селото. Живееле во Мралино, па се иселиле во Петровец, па повторно се вратиле назад. Подалечното потекло не им се знае; Цуцуловци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде; Кацовци (5 к.) доселени се од некое село во околината на Кичево. Некои Турци им земале некое девојче. Затоа нивните предци убиле Турчин, по што морале да се иселат. Го знаат следното родословие: Стојче (жив на 90 г. во 1953 година) Тане-Илчо, кој се доселил од Кичевско; Кумановци (1 к.) доселени се од селото Идризово. Таму имаат роднини, подалечно потекло од селото Матејче кај Куманово; Брдаровци (4 к.) доселени се од селото Бабуна кај Велес. Го знаат следното родословие: Трајан (жив на 75 г. во 1953 година) Петко-Митко-Јанко, кој се доселил; Коштановци (4 к.) доселени се од сега муслиманското село Батинци; Нацева Илинка (1 к.) од Кумановско; Анѓелоски (3 к.) потекнуваат од двајца браќа доселени од селото Долно Лисиче, таму имале роднини наречени Миленковци; Цветановци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Бујковци. Подалечно потекло од селото Дељадровци; Поповци (2 к.) доселени се од селото Бадар; Анѓелевци (2 к.) доселени се од селото Петровец; Пејковци (1 к.) доселени се од селото Кадино; Никанчевци (3 к.) доселени се од Драчево. Каде имале роднини; Бојчевци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Побожје. Таму припаѓале на родот Пупуќевци. Уште подалечно потекло од Велешко; Ѓакови (1 к.) доселени се во 1926 година од селото Побожје. Подалечно потекло од околината на Ѓаковица во Косово; Јанкови (1 к.), Говедарови (1 к.), Стојкови (1 к.) и Горнивчани (3 к.) доселени се во 1926 година од селото Побожје; Бистричани (3 к.) доселени се во 1927 година од селото Бистрица кај Велес.
Српски
- Доселеници: Ристиќи (1 к.) доселени се во 1919 година од околината на Куршумлија во Србија; Спасиќи (1 к.) доселени се во 1921 година од околината на Прокупље; Маринковиќи (1 к.) доселени се во 1925 година од околината на Куршумлија; Јовановиќ (1 к.) доселени се во 1919 година од околината на Чачак. Најпрво во Кадино, па во 1925 година прешле во Мралино.[8]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиЛичности родени во Мралино:
- Велче Нацев (1920-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
уредиОваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
ФК Мралино
уредиПочетоците се во 60-тите години од XX век, кога се натпреварува во општинската лига, Петровец. Првиот тим, ФК Мралино од тоа време познати се следните играчи, Мицко Мирчевски, Богдан Мирчевски, Томислав Настевски, Ѓоре Благоевски, Димитар Маринковиќ,Бранко Кудрановиќ, Томислав Јовановиќ, Тофил Игновски, Боне Петковски, Мицко Мирчевски, Драган Колевски, Младомир Јовановиќ, Богољуб Игњатовиќ, Цветан Петковски Дусан Петковски. Подоцна кон тимот се приклучуваат и играчите од помладата генерација: Спасо Велковски, Пере Ѓеорѓиевски, како и играчите од подмладокот на ФK Вардар: Кирил Дојчиновски и Борче (Шеки) Блажевски.
Иселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1955). Скопско поле. Скопје.