Бедиње

село во Општина Куманово


Бедиње — село во Општина Куманово. Се наоѓа во западниот дел на градот, на само 1 км од центарот на Куманово, и практично се смета за негова градска населба.

Бедиње
Бедиње is located in Македонија
Бедиње
Местоположба на Бедиње во Македонија
Координати 42°8′30″N 21°41′47″E / 42.14167° N; 21.69639° E / 42.14167; 21.69639Координати: 42°8′30″N 21°41′47″E / 42.14167° N; 21.69639° E / 42.14167; 21.69639
Општина Куманово
Население 2327 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1300
Шифра на КО
Надм. вис. 345 м
Бедиње на општинската карта
Бедиње во Општина Куманово.svg

Атарот на Бедиње во рамките на општината
Commons-logo.svg Бедиње на Ризницата

ГеографијаУреди

Селото е сместено во котлинската област Жеглигово, веднаш до градот Куманово.

ИсторијаУреди

Селото е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште.[1]

ИсторијаУреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бедиње живееле 135 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бедиње имало 136 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 336
1953 306 2 39 23 71 ... 5 446
1961 663 22 56 ... ... 150 ... 192 1.083
1971 866 54 22 275 ... 215 ... 14 1.446
1981 1.578 212 28 99 249 ... 80 2.256
1994 1.426 308 95 230 ... 21 2.080
2002 1.451 547 156 164 9 2.327

СтопанствоУреди

Населбата Бедиње има голем број на индустриски погони. Во минатото населбата Бедиње важела за голема индустриска зона. Едни од најреномираните индустриски погони кои се наоѓаат во Бедиње се ФЗЦ „11 октомври“, потоа градежното претпријатие „Koзјак“, кожарскиот произведувачки и преработуавчки погон „Илинден“, фабриката за преработка и производство на пластика „30 јули“, фабриката за мебел „Диер“ и други.

Денес во селото е Индустриската зона Куманово, со мноштво производители од разни гранки.

Општествени установиУреди

Населбата Бедиње не располага со голем број на административни установи освен месна заедница во која се реализираат сите избори т.е гласања. Во населбата Бедиње исто така се наоѓа воено-административниот центар „Христијан Тодоровски - Карпош“.

На почетокот на населбата Бедиње се наоѓа основното училиште „Toли Зордулис“ во кое се школуваат децата од населбите Бедиње и Железничка Станица.

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви
Археолошки наоѓалишта

СообраќајУреди

Во јужниот дел на Бедиње е сместена железничката станица на Куманово.

Низ селото поминува регионалниот пат Р2133, со месен назив „11 октомври“, кој на источниот крај на атарот се поврзува со автопатот А1 („Пријателство“).

Редовни настаниУреди

Како редовни настани можат да се издвојат религиозните обреди кои се вршат од страна на месното население .

Култура и спортУреди

Населбата Бедиње располага со два фудбалски терени.

ЛичностиУреди

НаводиУреди

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 205. ISBN 9989-649-28-6.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 216.
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 126-127.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.

Надворешни врскиУреди