Тепавци
Тепавци (уште познато и како Теповци) — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба Уреди
Тепавци се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, односно јужниот дел на Општина Новаци од левата страна на Црна Река. Селото е ридско на надморска височина од 750 метри, а од градот Битола е оддалечено 23 километри.
Историја Уреди
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство Уреди
Население Уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тепавци живееле 354 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Тепавци имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, селото брои 25 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 Албанец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 354 | 320 | 396 | 454 | 432 | 303 | 248 | 43 | 44 | 25 | 17 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови Уреди
Тепавци е македонско село.
Според податоците од 1953 година, родови во селото се:
- Доселеници: Мифковци (16 к.), Слабовци (6 к.), Радевци (1 к.), Бојковци (21 к.), Стрезовци (3 к.) и Мајловци (1 к.) потекнуваат од основачите на селото, кои биле 4 браќа, и кои се доселиле во XVIII век од околината на Корча во Албанија. Бојковци се делат на следните гранки Котевци, Димовци, Марковци, Романовци, Сиќировци и Цветковци; Орџановци (4 к.) доселени се однекаде, имаат роднини од Тепавци во Невеска, леринско, денес во Грција; Положановци (2 к.) доселени се од селото Полог.
- Православен ромски род: Неделковци (1 к.) овде живеат од турско време, основачот на родот бил Ковач. Брачни врски одржуваат со православните Роми од другите села.[9]
Општествени установи Уреди
- Цркви
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ од XIX век
- Црква „Св. Архангел Михаил“ од поново време
Самоуправа и политика Уреди
Избирачко место Уреди
Во селото постои избирачкото место бр. 166 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Гнилеш.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости Уреди
Редовни настани Уреди
Личности Уреди
Култура и спорт Уреди
Иселеништво Уреди
Од ова село иселеници има во Велесело (Ќутевци, Петковци и Кочовци), Брод (Велјановци), Долно Оризари (Моријовци), Балдовенци (Митревци), Бач (Тепаски). Околу 5 семејства до 1953 година се иселиле во Битола. Целосно се иселиле Пиперковци во Америка. Биле деленици од родот Бојковци.[9]
Наводи Уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 9,0 9,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.