Гујновци
Гујновци — село во Општина Пробиштип, во околината на градот Пробиштип.
Гујновци | |
Влезот во Гујновци | |
Координати 41°53′31″N 22°11′56″E / 41.89194° СГШ; 22.19889° ИГДКоординати: 41°53′31″N 22°11′56″E / 41.89194° СГШ; 22.19889° ИГД | |
Општина | Пробиштип |
Шифра на КО | 21007 |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во крајниот јужен дел на подрачјето на Општина Пробиштип, во долното сливно подрачје на Злетовска Река. Атарот на селото се допира до просторите на општините Чешиново и Карбинци. Гујновци е рамничарско село на надморска височина од 335 метри. Од градот Пробиштип селото е оддалечено 13,2 километри.
ИсторијаУреди
СтопанствоУреди
Атарот на Гујновци е мал и зафаќа површина од 5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 531,2 ха, на пасиштата отпаѓаат 118,9 ха, а на шумите само 10,4 ха. Селото има полјоделска функција.
ДемографијаУреди
Гујновци е мало село и е на пат целосно да се расели. Селото има 43 жители сите Македонци.
РодовиУреди
Гујновци е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Ташуровци (5 к.) и Сејменци (3 к.)
- Доселеници: Марковци (2 к.) доселени се од селото Пуздерци, а таму биле доселени од селото Гиновци кај Крива Паланка; Павловци (2 к.) доселени се од селото Гајранци; Дедо-Димитрија (1 к.) доселени се од селото Зарапинци; Јованчевци (2 к.) доселени се од селото Трооло; Иванчевци (2 к.) доселени се од селото Пестришино; Ефремовци (1 к.), Зафировци (1 к.) и Пацак (1 к.) сите потекнуваат од домазети. Првите се од селото Арбасанци во Овче Поле, вторите од Шлегово кај Кратово, а третите од Ратавица.[1]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 1551 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[2]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[3]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[4]
- Црквиште — населба, некропола и црква од старохристијанскo време и среден век;
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 321. ISBN 9989649286.
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |