Раброво
Раброво — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Раброво | |
![]() Влезот во селото | |
Координати 41°19′17″N 22°34′44″E / 41.32139° СГШ; 22.57889° ИГДКоординати: 41°19′17″N 22°34′44″E / 41.32139° СГШ; 22.57889° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Бојмија |
Население | 248 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2460 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04018 |
Надм. вис. | 160 м |
![]() |
Потекло на името Уреди
Името на селото првпат е споменато како „Храброво“ во XVI век. Се претпоставува дека тоа име потекнува од машкото лично име „(Х)Рабро“, што првобитно имало значење на „храбар“ и „смел“, а од XVI век и како „вереник“ и „младоженец“.[2]
Географија и местоположба Уреди
Селото се наоѓа во областа Бојмија, во источниот дел на територијата на Општина Валандово, непосредно источно од самиот град Валандово, на оддалеченост од само два километри.[3] Селото се наоѓа непосредно до патот Валандово-Струмица. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 160 метри.[3]
Атарот зафаќа површина од 10 км2. На него шумите заземаат површина од 459 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 337 хектари, а на пасиштата 130 хектари.[3]
Историја Уреди
Првпат селото е споменато во XV век, пред доаѓањето на Османлиите на овие простори. Во XVI век е споменато под името Храброво,[2] со 60 христијански и 7 муслимански семејства.
За време на турското владеење било населено само со муслиманско население, бидејќи Македонците под притисок го напуштиле селото.
Во XIX век, Раброво било македонско-турско село во рамките на Дојранската каза на Отоманското Царство.
На етнографската карта од 1912 година е обележано само со муслиманско население. Во Раброво, Турци имало до 1960 година кога се иселуваат во Турција. На нивно место дошле нови жители, Македонци од Беровско и од Кривопаланечко, како и од Струмичко.
Стопанство Уреди
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3] Селото претходно имала рударска функција, бидејќи на нејзиниот атар се вадела хромна руда.[3]
Население Уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Раброво имало 280 жители, од кои 60 Македонци и 220 Турци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раброво имало 64 жители.[5]
Селото е мало, но со пораст на населението. Во 1961 година селото имало 160 жители, од кои 116 биле Македонци, а 33 жители Срби. Во 1994 година, бројот се зголемил на 271 жител, од кои 261 Македонец и 10 жители Срби.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Раброво имало 274 жители, од кои 264 Македонци, 9 Срби и 1 Ром.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 248 жители, од кои 230 Македонци, 2 Срби, 1 останат и 15 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280 | 64 | 175 | 249 | 160 | 216 | 282 | 267 | 271 | 274 | 248 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика Уреди
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Валандово, во која влегувале градот Валандово и селата Дедеди, Раброво и Честово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Раброво се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Марвинци, Пирава и Честово.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Избирачко место Уреди
Во селото постои избирачкото место бр. 296 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости Уреди
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Ковачилница — средновековен рудник.
- Цркви
- Црква „Св. Илија“ — главна селска црква, подигната во 2010 година
Култура и спорт Уреди
Во селото постои фудбалскиот клуб ФК Илинден.
Наводи Уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 126–127.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 249. Посетено на 16 јули 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 162.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 јули 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069