Пиперево
Пиперево или Пиперово — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Пиперево | |
Влезот во Пиперево | |
Координати 41°28′27″N 22°40′23″E / 41.47417° СГШ; 22.67306° ИГД | |
Општина | Општина Василево |
Население | 1.158 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27049, 27549 |
Надм. вис. | 228 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Пиперево на општинската карта Атарот на Пиперево во рамките на општината | |
Пиперево на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиПиперево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, средишниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Покрај селото од запад тече реката Струмица а од исток реката Турија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри.
Надморската височина во селото е 228 метри додека селото зафаќа површина од 7,2 км2. Од нив 630 хектари се обработливо земјиште[2]
Селото се граничи со Василево, Доброшинци, Нова Маала, Чанаклија, Добрејци, Просениково.
Историја
уредиАнтички период
уредиОва населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Тарласи, што се наоѓа југоисточно од населбата. Претставува населба од доцноантичкото време. На северниот раб на селото, на простор од 200 х 200 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси. Во нивата на А. Коцев бил најден питос со натпис[3].
Отоманско Царство
уредиИмa податoци декa селoтo се спомнувa уште од 1769 година. Во текот на XIX век, селото било мешано. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 290 жители Македонци и 125 Турци[4][5]. Црквата Св. Ѓорѓи во селото била изградена во 1870 година.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 208 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 36 Роми. Во селото функционирало и училиште[4][6].
Како чифлик-сајбија на селото во последните години на османлиското владеење на овие простори бил Нефи-беј.
Југославија
уредиПо крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во регионот започнала партизанската пропаганда за мобилизирање на населението. Најчесто биле испраќани и летоци меѓу населението[7].
По крајот на Втората светска војна, Пиперево било вклученo во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
уредиПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Стопанство
уредиГлавно занимање на населението во Пиперево е земјоделството. Населението најмногу одгледува раноградинарски култури
Демографија
уредиСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци и 25 до 50 Турци.[8]
Во 1961 година селото имало 976 жители, од кои 875 биле Македонци и 98 биле Турци. Во 1994 година во селото живееле 1300 луѓе, од кои 1200 биле Македонци и 100 биле Турци[2][9].
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Пиперево има 1.158 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 957 |
Албанци | 0 |
Турци | 101 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 100 |
На пописот од 2002 година, селото имало 1.401 жител. Следува табела на националната структура на населението[10]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 660 |
1953 | 678 | — | 85 | — | — | 1 | — | 8 | 769 |
1961 | 875 | — | 98 | — | — | 2 | — | 1 | 976 |
1971 | 941 | — | 76 | — | — | 1 | — | — | 1 018 |
1981 | 1 103 | — | 92 | — | — | 1 | — | 5 | 1 201 |
1991 | 1 193 | — | 116 | — | — | — | — | 2 | 1 311 |
1994 | 1 200 | — | 100 | — | — | 3 | — | 1 | 1 300 |
2002 | 1 260 | — | 139 | — | — | — | — | 2 | 1 401 |
Селото има поволна демографска состбојба, со оглед на тоа дека бележи благ пораст на населението низ пописните години.
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 1804 и 1804/1 според Државната изборна комисија, сместени во Дом на културата.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.163 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
уредиЛичности
уреди- Запро Запров (р. 1947) — македонски диригент, композитор, сликар и универзитетски професор
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.225.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Според изворот, бројот на Македонци и Турци не е еднаков со вкупниот број на население
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
Надворешни врски
уреди- Општина Василево Архивирано на 25 јуни 2008 г.
„Пиперево“ на Ризницата ? |