Копаница
Копаница — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Спред пописот од 2002 година, селото имало население од 1.714 жители.
Копаница | |
Поглед кон Копаница | |
Координати 42°4′40″N 21°14′17″E / 42.07778° СГШ; 21.23806° ИГД | |
Општина | Сарај |
Население | 1.790 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25075 |
Надм. вис. | 534 м. м |
Копаница на општинската карта Атарот на Копаница во рамките на општината | |
Копаница на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во западните делови на Скопската Котлина, на излезот од Дервенската Клисура. Селото се наоѓа во подножјето на Жеден.
Историја
уредиМестото е населено барем од римско време, за што сведочат наодите во наоѓалиштето Дренки во селото.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 43 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 174 мажи муслимани, со 22 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 392 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 220 жители.[3]
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[4] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[5]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 750 Албанци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.714 жители, од кои 1 Македонец, 1.710 Албанци и 3 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.790 жители, од кои 1.761 Албанец и 29 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 877 | 926 | 941 | 1.042 | 1.192 | 0 | 1.478 | 1.714 | 1.790 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиКопаница е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Ќуште (33 к.) староседелци. Исламот го примиле во почетокот од XIX век, кога и се албанизирале. Најстарите муслимански предци им биле. Зекир, Али и Браим. Имаат православни роднини кои од Копаница се иселиле во селото Кучково (Ќунтовци).
- Маноџе (36 к.) доселени се во XVIII век од некое место во северна Албанија.
- Маршеје (34 к.) доселени се од северна Албанија. Имаат роднини во селото Мерово. Учествувале во Битката на Треска 1944, во страна на Балистите.
- Реџе (10 к.) доселени се од северна Албанија на почетокот од XIX век.
- Љаја (16 к.) потекло и време на доселување како и претходниот род.[13]
Иселеништво
уредиОд старото православно население кое живеело во селото, а се иселило се знае само за родот Ќунтовци или Бировци. Они се иселиле во селото Кучково. Во Копаница биле двајца браќа, едниот го прифатил исламот, а другиот се иселил во селото Кучково. Од Кучково се иселиле во населбата Ѓорче Петров, Скопје, Куманово и Кралево.[13]
Поврзано
уреди- Општина Сарај
- Дренки — археолошко наоѓалиште од римско време во селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Копаница, на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |