Елово
Елово — село во Општина Студеничани, во околината на град Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 265 жители.
Географиja и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Торбешија, на западните падини на Караџица.
ИсториjaУреди
Според Леонард Шулце Јена, селото во 1927 година било населено со Албанци.[1] Истото го тврди и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[2]
Меѓутоа, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Евлово имало 450 жители, од кои сите биле Македонци-муслимани.[3][4] Ова е веројатно единствениот исправен податок, за што сведочи фактот што населението уште од почеток до денес говорело македонски.
НаселениеУреди
Според податоците од 2002 година, во селото имало 265 жители, од кои 247 Турци, 13 Албанци, 1 Македонец и 4 други.
РодовиУреди
Елово е торбешко село. Според истражувањата од 1950 година родови во селото се:
- Доселеници: Шабановци (7 к.), Баовци (9 к.), Рамановци (10 к.), Рашитовци (8 к.), Аметовци (6 к.), Селимовци (9 к.), Селмановци (8 к.), Џаферовци (3 к.), Имеровци (7 к.) Ѓуловци (14 к.), Орлевци (2 к.), Шабановци (7 к.), Абдијовци (2 к.), Ејуповци (3 к.), Таировци (10 к.), Зендовци (4 к.), Џаферовци (5 к.), Фејзовци (2 к.), Ибраимовци (2 к.), Алиловци или Ѓулафковци (6 к.), Јашаровци (1 к.), Амет-Фета (2 к.), Мемедовци (3 к.), Арифовци (4 к.), Ќеримовци (7 к.), Исовци (1 к.), Еминовци (2 к.) и Салиовци (2 к.) сите се доселени од мијачките-торбешки села во Долна Река во текот на XVIII век; Корчовци (4 к.) се викаат и Даутовци. Доселени се од околината на Корча во Албанија. Зборувале на македонски уште кога дошле. Го знаат следното родословие: Љазим (жив на 22 г. во 1950 година) Мемет-Ибраим-Мемет-Даут, кој се доселил.[5]
ИселеништвоУреди
До 1950 година од селото се иселиле 15 семејства во Скопје, и 20 семејства во Турција. Иселеници имало и во населбата Бутел (Мемедовци).[5]
ЛичностиУреди
- Фејзо Џеладиновски (* 1981 - † 2001), македонски бранител, приправник во АРМ
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 209. ISBN 954430424X.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке. Скопје: Филозофски факултет.
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Елово на Карти на Google
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |