Семениште
Семениште — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Семениште | |
Координати 41°58′1″N 21°15′38″E / 41.96694° СГШ; 21.26056° ИГД | |
Општина | Сарај |
Население | 798 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25117 |
Надм. вис. | 486 м. м |
Семениште на општинската карта Атарот на Семениште во рамките на општината | |
Семениште на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во западниот дел од Скопската Котлина, лево од автпатот Тетово - Скопје.
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 19 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 71 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 156 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 290 жители.[3]
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[4] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[5]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 559 жители, од кои 1 Македонец, 557 Албанци и 1 Бошњак.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 798 жители, од кои 2 Македонци, 754 Албанци, 5 Бошњаци и 37 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 399 | 410 | 404 | 492 | 408 | 3 | 479 | 559 | 798 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиСемениште е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Цан (29 к.) доселени се во XVIII век од областа Љума во Албанија. Го знаат следното родословие: Осман (жив на 80 г. во 1940-тите) Ислам-Сејфула-Хусеин-Цан, предокот кој се доселил.
- Никиштан (21 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Од таму се иселиле најпрво во селото Никиштане, по кое и го добиле името. А од таму во Семениште.
- Арно (11 к.) доселени се од Мирдита во северна Албанија. Потекнуваат од фисот Бериша. Имаат роднини иселени од Мирдита во Блаце кај Качаник.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[14]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 382. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Семениште, на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |