Орах
Орах (познат и како Сув Орах) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Орах Сув Орах | |
Mанастирската црква „Воведние на Пресв. Богородица“ (Карпински манастир) | |
Координати 42°10′15″N 21°57′10″E / 42.17083° СГШ; 21.95278° ИГДКоординати: 42°10′15″N 21°57′10″E / 42.17083° СГШ; 21.95278° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Козјачија |
Население | 80 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1314 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17072 |
Надм. вис. | 617 м |
![]() |
Географија и местоположба уреди
Се наоѓа на јужните падините на планината Козјак, во центарот на Средоречкиот регион.
Орах од градот Куманово оддалечен околу 20 км северо источно, поред селото проаѓа магистралниот пат Куманово - Ќустендил. Надморска висина на селото е од 550 до 617 метри, атарот на селото Орах е деломично рамничарски и брдски со ридови кој иммаат и до преко 900 метри (Овчаров гроб 940 метри, Непци 838, Велја страна 811).
Селото граничи со атарите на селата; Облавце, Бељаковце, Канарево, Аљинце, Цвиланце и Димонце.
Историја уреди
Првите пишани податоци за Орах се споменуваат во 1519 година за Турско време кога се село Орах спомнува како населба во состав на Нагоричка нахија со 39 домаќинства и то сите христијански, и ниедно муслиманско'.[2] Во наследниот пописот на домаќинства извршен во 1573 година, биле регистрирани 79 домаќинства (сите христијански и едно муслиманско).
На крајот од XIX век селото Орах се спомнува како христијанска населба во Кумановска каза од 760 жители[3]
Во време на Првата светска војна и бугарска окупација село Орах станало општина, со 615 жители.[4].
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, во селото Орах имало 113 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 80 жители, од кои 69 Македонци, 1 Албанец и 10 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 760 | 736 | 696 | 826 | 935 | 707 | 455 | 197 | 182 | 113 | 80 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови уреди
Орах е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
Суљевци (35 к.), Каменитица (30 к.), Рашанци (10 к.), Суводолци (23 к.) и Долномалци (25 к.) сите родови во селото се староседелски. Само населението многу одамна, направиле промена на положбата на селото, во еден од родовите се знае следното родословие: Коле (жив на 65 г. во 1971 година) Денко-Стевко-Стојан-Јован, кој дошол во денешното село од старото.[11]
Културни и природни знаменитости уреди
Верски објекти уреди
Најзначајниот споменик во атарот на селото e Карпинскиот манастир со своја манастирска црква изградена во XVI-XVII век посветена на Воведението Богородичино.
Друг значаен споменик е селската црква „Св. Никола и Св. Ѓорѓи“ (вториот е заштитник на селото) од XV – XVII век.
Ликовна колонија Карпино уреди
Ликовната колонија Карпино се организира секоја година во месец август во манастир Карпино[12]. Првата колонија од овој вид била организирана во 2002 година, на 8 одржани колонии твореле уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска и Романија.
Уметкичките дела, слики и скулптури, се прикажуваат секоа година на соодветна изложба во кумановски Центар за Култура Трајко Прокопиев.
Археолошки наоѓалишта уреди
Иселеништво уреди
Постари иселеници имало во Горна Пчиња (во Србија). Шурдинци се иселиле во селото Барбарце. А Суљинци и Орашинци се иселиле во селото Злодовце.
Други постари иселеници има во Руѓинце (Анѓеловци), Макреш (Карталци), Долно Коњаре (Илија и Мара). Јурумлери кај Скопје (Петковски).
Од крајот на Втората светска војна иселеништво имало во поблиските градови во Македонија, како и во Србија, воглавно во Белград.[11]
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Sazdo Vasilkov Cesmadziski: Selo Orah - Suv Ora, стр. 24 (македонски)“. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2015-03-01.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 216., пристапено 17. 09. 2010.
- ↑ Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 31
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
- ↑ [„Ликовна колонија „Карпино 2010" во село Орах, на Daily.MK, пристапено 17. 09. 2010. (македонски)“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-09-16. Ликовна колонија „Карпино 2010“ во село Орах, на Daily.MK, пристапено 17. 09. 2010. (македонски)]