Пашино Рувци

село во Општина Кривогаштани, Македонија

Пашино Рувци — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Пашино Рувци

Панорамски поглед

Пашино Рувци во рамките на Македонија
Пашино Рувци
Местоположба на Пашино Рувци во Македонија
Пашино Рувци на карта

Карта

Координати 41°16′27″N 21°22′14″E / 41.27417° СГШ; 21.37056° ИГД / 41.27417; 21.37056
Регион  Пелагониски
Општина  Кривогаштани
Област Прилепско Поле
Население 514 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7525
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20077
Надм. вис. 585 м
Слава Атанасовден
Пашино Рувци на општинската карта

Атарот на Пашино Рувци во рамките на општината
Пашино Рувци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Улица во селото

Селото се наоѓа во крајниот западен дел на Прилепското Поле, а на јужната страна на територијата на Општина Кривогаштани.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 585 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 21 километар. Лежи меѓу двата пата, коишто водат од Прилеп за Битола и за Крушево.[2]

Пашино Рувци е познато село во Прилепското Поле. Се наоѓа лево од коритото на Црна Река, во непосредна близина на селото Обршани. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Загорани на исток, Чепигово на југ, Бела Црква на запад и Обршани и Боротино на север. Во сите дворови на сите куќи постојат пумпи (длабоки 9 метри) и бунари (длабоки 3 до 5 метри). Пумпите биле поставени во 1941 година.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бел Камен, Голема Нива, Сама Врба, Тупчица, Ливадски Пат, Чаир, Бачилиште, Додолица, Копачина, Балталок, Могилечка Чука, Дериица, Висои, Трвчено Патче, Друм и Барутни Пат.[3]

Селото има збиен тип, поделено на повеќе маала наречени по поголемите родови.[3]

Историја

уреди

Источно од селото на оддалеченост од околу 1.500 метри се наоѓа месноста Могилечка Чука, каде што се зборува дека се наоѓало селото Могилани. Во него живеел македонскиот род Шаренпилковци, кои имале многу стока. Селото подоцна пропаднало, бидејќи било поплавувано. Дел од селаните преминале во селото Рувци. И денес на селиштето во нивите и ливадите се наоѓаат темели на црква и гробови.[3]

Пашино Рувци за првпат во пишаните извори се споменува (како Русче и Рувце) во периодот помеѓу 1650 и 1750 година. Селото било најпрвин раатско село, кога се нарекувало Рувце. Во средината на XIX век, ова село и соседното, Беранци, турската државна власт го поклонила на Али-паша од Битола, поради заслугите во војните. Од чифликот на Али-паша до 1912 година се создале шест чифлици со поделба на неговите ќерки и зетови.[3]

Старото име на селото за време на Отоманското Царство било Ашар Усу.

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 8,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 686 хектари, додека на пасиштата отпаѓаат само 81 хектар, а шумско земјиште нема.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото постојат продавници и услужни објекти.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948834—    
1953936+12.2%
19611.018+8.8%
1971976−4.1%
1981979+0.3%
ГодинаНас.±%
1991744−24.0%
1994659−11.4%
2002627−4.9%
2021514−18.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пашино Рувци живееле 450 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пашино Рувци имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пашино (Руфци) се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 23 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7]

Од Пашино Рувци, коешто е населено со македонско население, се иселил значителен број од населението. Така, во 1961 година селото имало 1.018 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 659 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Пашино Рувци живееле 627 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 514 жители, од кои 491 Македонец, 1 останат и 22 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 450 256 834 936 1.018 976 979 744 659 627 514
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Пашино Рувци е македонско село, во кое најпрвин дошле родови од некогашното село Могилани, а подоцна и од други места.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се:

  • Староседелци: Јолевци (11 к.), Пашовци (10 к.) и Марковци (4 к.), потекнуваат од предци кои живееле во Могилани. Предокот на вториот род, дедо Божин живеел многу со пашата, и го викале Божин-паша.
  • Родови кои не знаат дали се староседелци или доселеници: Пачешковци (7 к.), Бегалиновци (5 к.), Шутевци (4 к.), Каревци (3 к.), Гараловци (2 к.), Ѓеровци (1 к.) и Гулабовци (1 к.).
  • Доселеници: Јагуриновци (7 к.), доселени се во XIX век од Пресил и таму знаат каде им се наоѓале гробовите; Преспановци (7 к.), доселени се од некое село во Преспа, тие не дошле директно во Пашино Рувци, туку некое време прво живееле во селото Локвени, во Пашино Рувци живеат од XIX век; Пресилци (5 к.), дојдени се како и Јагуриновци од селото Пресил во XIX век; Шлакевци (5 к.), најпрво живееле во ова село, но потоа се селеле низ околните прилепски села, тие некое време живееле во селата Обршани, Беровци и Пресил, но во почетокот на XX век се вратиле во селото; Кадинци (3 к.), доселени се во XIX век од Загорани; Цивкаровци (4 к.), дојдени се во 1903 година од селото Крушеани; Маџаровци (3 к.), потекнуваат од предокот Толе Маџар кој дошол од селото Пресил во 1905 година; Мицковци (3 к.), доселени се од некаде; Пилковци (4 к.), од Загорани, најпрво се населиле во Дебреште, па од таму во Пашино Рувци, тоа било околу 1912 година; Огненовци (2 к.), доселени се во 1915 година од Крушеани, подалечно потекло имаат од Кривогаштани; Стомнаровци (2 к.), доселени се во 1928 година од Обршани; Дрлевци (1 к.), доселени се во 1927 година од истото село како и Стомнаровци; Богдановци (1 к.), доселени се во 1928 година од демирхисарското село Света; Мауковци (3 к.), доселени се во 1925 година од костурското село Рулја; Пасковци (1 к.), Рувчевци (1 к.) и Кромидовци (1 к.), доселени се од селото Обршани првите во 1929 година останатите две во 1931 година, подалечно потекло на Пасковци е од некое место во Албанија; Бежановци (2 к.), доселени се во 1912 година од селото Бела Црква; Несторовци (1 к.), доселени се во 1942 година од Илино (Големо или Мало) и Дамевци (1 к.), доселени се од селото Загорани во XIX век, таму припаѓаат на родот Ѓоковци, доселен однекаде.

Иселеништво

уреди

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село: Коруновци и Мицковци иселени се во Подино, Ујгунци иселени се во Боротино, Беланиовци иселени се во Бучин, Стојановци иселени се во селото Крапа во Порече. Од родот Гулабовци има иселеници во Прилеп.[3]

Самоуправа и политика

уреди

Во XIX век, Пашино Рувци било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кривогаштани, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Кривогаштани.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Бела Црква, во која покрај селото Пашино Рувци, се наоѓале и селата Бела Црква, Бучин, Воѓани, Обршани, Пресил и Света. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Обршани, во која влегувале селата Боротино, Обршани и Пашино Рувци.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1516 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 525 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[3][16]
  • Селиште — населба од римско време;
  • Селска Црква — осамени наоди од римско време;
  • Тумба — населба од бронзено време; и
  • Во Селото — некропола и осамени наоди од непознат период.
Цркви[17]
Манастири
Споменици

Редовни настани

уреди
Слави

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Пашино Рувци

Култура и спорт

уреди

Во селоти работи фудбалскиот клуб ФК „Пелагонија“.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 230. Посетено на 10 јануари 2022.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 166-167.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јануари 2022.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 305. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди