Сушица (Дебарско)
историско село во Дебарско
Сушица — историско село во Дебарско, денес на територијата на Општина Дебар.
Сушица | |
Координати 41°30′58″N 20°29′27″E / 41.51611° СГШ; 20.49083° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебар |
Област | Дебарско Поле |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 570 м |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало во областа Дебарско Поле, а историски во Горни Дебар. Лежело околу 2 км југоисточно од Коњари и денес се наоѓа во неговиот атар.
Историја
уредиВо XIX век Сушица било мало село во Дебарската Каза на Отоманското Царство. Населението било македонско, но постои нејаснотија во врска со неговата вероисповед. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сушица (Souchitza) била село со 8 домаќинства, со вкупно 17 „Албанци“ муслимани.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сушица имала 76 жители, сите Македонци христијани.[3][4]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 178-179.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 259. ISBN 954430424X.