Ротино
Ротино — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Ротино | |
Координати 41°3′25″N 21°12′42″E / 41.05694° СГШ; 21.21167° ИГД | |
Општина | Битола |
Население | 93 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 02103 |
Надм. вис. | 1014 м |
Ротино на општинската карта Атарот на Ротино во рамките на општината | |
Ротино на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во Цапарското Поле, во близина на северните пазуви на планината Баба, оддалечено 12,5 километри западно од Битола, во близина на патот Битола - Ресен - Охрид.
Историја
уредиВо XIX век, Ротино било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ротино живееле 680 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ротино имало 680 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ротино се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 42 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Власи.[6]
Во 1961 година во селото има 573 жители, додека во 1994 година имало 193 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Ротино има 113 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 93 жители, од кои 91 Македонец и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 280 | 575 | 598 | 573 | 566 | 513 | 269 | 193 | 113 | 93 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Ротино
уредиРотино е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Селото потекнува од почетокот на XIX век.
Родови во селото Ротино се: Петревци (17 куќи) први доселеници во селото, доселени се од селото Трн, основачот на родот се викал Соколе, го знаат следното родословие: Павле (жив на 62 г. во 1951 година) Ристе-Петре-Соколе, кој се доселил од Трн; Трпеновци (14 куќи) доселени се одма после првиот род, местото на старина не го знаат; Бошевци (14 куќи) доселени се од некое село во битолско поле; Штерјовци (8 куќи), Унчевци (6 куќи), Лозановци (6 куќи), Лалевци (5 куќи), Павловци (4 куќи), Милевци (4 куќи), и Наневци (3 куќи) доселени се со непозната старина; Милошевци (3 куќи) доселени се во XIX век од селото Горно Српци каде биле староседелци; Толевци (7 куќи) и Наумовци (1 куќа) најмлади родови во селото, потекнуваат од предок кој бил Влав, и дошол од селото Трново, овде работел како слуга, и потоа се оженил.[13]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се:
- Староседелци: Петревци или Соколевци (21 к.), Папалевци или Милошовци (3 к.), Лозановци (6 к.), Субашовци или Толевци (7 к.), Чунтревци (7 к.), Трпеновци и Тасевци (18 к.), Бошевци (14 к.), Стојчевци и Наумовци (1 к.) и Доневци (4 к.)
- Доселеници: Лалевци (5 к.) доселени се околу 1820 година од околината на Колоња во јужна Албанија; Ѓерасовци (7 к.) доселени се околу 1844 година од селото Штрбово во Преспа; Трајчевци (1 к.) доселени се околу 1880 година од уништеното село Кочишта; Наневци (3 к.) доселени се во 1903 година од селото Ѓавато.[14]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 213 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 104 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[17]
- Црква „Св. Никола Долни“ — главната селска црква изградена во 1870 година;[18]
- Црква „Св. Никола Горни“ — гробјанска црква;
- Црква „Св. Илија“ — главната манастирска црква на Ротинскиот манастир;
- Ротински манастир
- Археолошки наоѓалишта[19]
- Арнаутски Пат— пат од римско време;
- Манастирска Црква — населба од средниот век;
- Стара Црква — црква и некропола од средниот век;
- Старо Село — населба од римско време;
- Води
- Ротинска Река
- Ротинско Езеро — вештачко езеро на Ротинска Река
Иселеништво
уредиДо 1951 година од селото имало иселеници во Романија (5 семејства), Австралија (4 семејства), САД (5 семејства), Битола (3 семејства), Србија (1 семејство) и во Бугарија (1 семејство).[13][14]
Иселеници имало и потоа и населението е иселено во Битола, Скопје, прекуокеанските земји (САД, Канада и Австралија), како и низ Европа.[20]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил Кънчов. „Македония, Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 253.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques", Paris, 1905.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: САНУ. стр. 233–234.
- ↑ 14,0 14,1 Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ к-4, AE 94/16.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер“. Архивирано од изворникот на 2013-07-29. Посетено на 2014-04-06.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-07-17. Посетено на 2021-07-17.