Ветрен
Ветрен — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево. Северните маала на селото се сместени во истоименото село во Бугарија, со што тоа претставува единствено населено место кое е поделено меѓу двете земји.
Ветрен | |
![]() Влез во маало на селото | |
Координати 42°00′23″N 22°45′08″E / 42.00639° СГШ; 22.75222° ИГДКоординати: 42°00′23″N 22°45′08″E / 42.00639° СГШ; 22.75222° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Пијанец |
Население | 80 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09002 |
Надм. вис. | 910 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Ветрен се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево и граница на неговиот атар делумно претставува државната граница со Бугарија. Селото е планинско и е сместено на надморска височина од 910 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 14,8 км2.[2]
ИсторијаУреди
Во почетокот на XX век, Ветрен било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар, обработливото земјиште се простира на површина од 542,7 ха, шумите се на површина од 527,8 ха, додека на пасишта отпаѓаат 347,4 ха.[2]
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ветрен живееле 96 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 104 жители Македонци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 114 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 80 жители, од кои 69 Македонци и 11 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Ветрен:[7]
Години | Македонци | Срби | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | 466 |
1953 | 514 | 1 | 0 | — | 515 |
1961 | 464 | 0 | 0 | — | 464 |
1971 | 309 | 1 | 0 | — | 310 |
1981 | 246 | 1 | 1 | — | 248 |
1991 | 169 | 1 | 0 | — | 170 |
1994 | 167 | 2 | 0 | — | 169 |
2002 | 114 | 0 | 0 | — | 114 |
2021 | 69 | 0 | 0 | 11 | 80 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Киселица во склоп на Делчевската околија.
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачко место бр. 0594 според Државната изборна комисија.[8]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 94 гласачи.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 86 гласачи.[10]
ГалеријаУреди
ПоврзаноУреди
- Ветрен — село во Бугарија
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 52.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 229.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.