Макреш (Светиниколско)

село во Општина Свети Николе

Макреш — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле во околината на градот Свети Николе.

Макреш
Макреш во рамките на Македонија
Макреш
Местоположба на Макреш во Македонија
Макреш на карта

Карта

Координати 41°58′03″N 22°01′08″E / 41.96750° СГШ; 22.01889° ИГД / 41.96750; 22.01889
Регион  Вардарски
Општина Свети Николе
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 24019
Макреш на општинската карта

Атарот на Макреш во рамките на општината
Макреш на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Историја

уреди

Во XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194862—    
195366+6.5%
196193+40.9%
197154−41.9%
19817−87.0%
ГодинаНас.±%
19912−71.4%
19942+0.0%
20020−100.0%
202100.00%

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Макреш имало 30 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Макреш имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[4]

Селото е раселено и според пописот од 2002 година, селото Макреш нема жители.[5] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 30 80 62 66 93 54 7 2 2 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

уреди

Макреш е македонско село.

Според истражувањата од 1957 година, родови во селото

  • Доселеници: Грмодолци (5 к.) доселени се околу 1837 година од селото Стањевци. Изгледа и таму биле доселени однекаде. Го знаат следното родословие: Димитар (жив на 30 г. во 1957 година) Гаврил-Аврам-Петре, се доселил неговиот татко; Барутчинци (4 к.) доселени се после претходниот род од селото Ранченци. И таму имале роднини доселени однекаде.[10]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Селото Макреш цело време било мало село затоа што од него многу изумирало и се иселувало населението. Целосно изумреле родовите Ничевци, Изарци, Божинкови и Костови.

Постаро население иселено од ова село има во Ранченци (Бурчији), Крушица (Дупкаровци) и во Свети Николе.[10]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 232.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134 – 135.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.

Надворешни врски

уреди