Караџалар

село во Општина Радовиш

Караџалар — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[2]

Караџалар
Караџалар во рамките на Македонија
Караџалар
Местоположба на Караџалар во Македонија
Караџалар на карта

Карта

Координати 41°41′01″N 22°29′37″E / 41.68361° СГШ; 22.49361° ИГД / 41.68361; 22.49361
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 032
Шифра на КО
Надм. вис. 762 м
Караџалар на општинската карта

Атарот на Караџалар во рамките на општината
Караџалар на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено на јужните падини на Плачковица, северно од Радовиш, меѓу Штурово на југозапад и Чешме Маале на север. Атарот е мошне мал, со површина од 2,5 км2.[3]

Историја

уреди

Подрачјето на Караџалар е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Асарлак на 3-4 км северно од селото.[4]

Во XIX век Караџалар било турско село во Радовишка каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Караџалиите имало 100 жители, сите Турци.[5]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Караџали живееле 37 Турци.[6]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948103—    
1953118+14.6%
196114−88.1%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[7]

Населението на Караџалар стрмоглаво опаднало во текот на 1950-тите поради иселувањето на Турците од Македонија. Од 118 жители во 1953 г. се свело на само 16 во 1961 г. Во текот на 1960-тите селото е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Караџалар немал ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 103 118 14 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 147. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 328. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

уреди