Пештани (Прилепско)

село во Општина Прилеп

Пештани — село во Општина Прилеп, во областа Мариово, во околината на градот Прилеп.

Пештани
Пештани во рамките на Македонија
Пештани
Местоположба на Пештани во Македонија
Пештани на карта

Карта

Координати 41°16′48″N 21°40′18″E / 41.28000° СГШ; 21.67167° ИГД / 41.28000; 21.67167
Општина  Прилеп
Население 1 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20079
Надм. вис. 680 м
Пештани на општинската карта

Атарот на Пештани во рамките на општината
Пештани на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, на крајниот северозападен дел на територијата на поранешната Општина Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 670 метри. Атарот зафаќа простор од 18,5 км2. Ha него преовладуваат пасиштата на површина од 1.297 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 389 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Населбата е мала, во фаза на наполно раселување, a е населена со македонско население.

Историја

уреди

Селото е спомнато во Трескавечкиот поменик од XVII-XVIII век. Според академик Иван Дуриданов, етимологијата на името е од првичното жителско име со наставка -јане од пешт, односно, пештера, пешт. Во XIX век Пештани било село во Прилепската каза на Мариовската нахија на Османлиското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пештани (Peschtani) било село со 40 домаќинства и 192 жители христијани и 3 Роми. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Пештани има 280 жители, сите христијани. Во почетокот на XX век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Пештани имало 304 под врховенството на Бугарската егзархија. Според Георги Трајчев, во Пештани имало 45 куќи со 280 жители. Според пописот од 2002 година, во селото Пештани живеат 20 жители, сите Македонци. А додека во 2015 година има 5 жители претежно стари лица коишто се занимаваат со сточарство.

Стопанство

уреди

Население

уреди

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пештани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 38 куќи.[2]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948190—    
1953221+16.3%
1961210−5.0%
1971149−29.0%
198163−57.7%
ГодинаНас.±%
199129−54.0%
199418−37.9%
200220+11.1%
20211−95.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Пештани живеат 20 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 280 304 190 221 210 149 63 29 18 20 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]


Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1524 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[10]
Археолошки наоѓалишта
  • Св. Илија — населба од раната антика и римското време (старомакедонбскиот град Достонеи) се наоѓа на левата страна на селото Пештани и скриена во карпестиот рид.;[11]

Редовни настани

уреди

За 2 август во црквата Св. Илија која што се наоѓа на левата страна на селото Пештани и скриена во карпестиот рид се собираат пештанци и луѓе од разните краеви на Македонија за да го прославаат празникот Илинден.

Исто така за 1 Мај црквата Св. Петка која што е на десната страна на селото се собират народ за да го прослават државниот празник подетални фотографии.

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  11. Виктор Лилчиќ, DOSTОNEON TO KOINON, убикација, (MN/MH) Br. 25, Skopje 2005, 2-19