Горјане

село во Општина Врапчиште

Горјане — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Горјане
Горјане во рамките на Македонија
Горјане
Местоположба на Горјане во Македонија
Горјане на карта

Карта

Координати 41°53′52″N 20°52′53″E / 41.89778° СГШ; 20.88139° ИГД / 41.89778; 20.88139
Општина Врапчиште
Население 25 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 07021
Надм. вис. 662 м
Горјане на општинската карта

Атарот на Горјане во рамките на општината
Горјане на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во источното подножје на Шар Планина, оддалечено 19 километри северозападно од Гостивар.

Историја

уреди

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948253—    
1953276+9.1%
1961283+2.5%
1971319+12.7%
1981297−6.9%
ГодинаНас.±%
19910[2]−100.0%
199495—    
200270−26.3%
202125−64.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горјане живееле 234 жители, од кои 190 Албанци и 44 Македонци.[3]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Горјане — село во Сенокоска општина во Долнополошкиот срез и има 34 куќи со 213 жители, Албанци и Македонци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 70 жители, сите Албанци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, сите Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 234 253 276 283 319 297 0 95 70 25
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

уреди

Горјане е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

Албански

  • Доселеници: Алија (6 к.) доселени се од Буштрице во северна Албанија, во првата половина на 19 век. Го знаат следното родословие. Риза (жив на 36 год. во 1948 година) Раиф-Амит-Ризван-Али, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во селото Сенокос; Грналар (5 к.) доселени се од Ујмишта во Љума. Го знаат следното родословие. Алија (жив на 38 год. во 1948 година) Зибер-Карасина-Деар, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство); Имерица или Реџолар (7 к.) доселени се од Калиса во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Гарип (жив на 40 год. во 1948 година) Ракип-Елмаз-Имерица, мајката која се доселила со своите синови. Имаат иселеници во Сенокос; Бајрамлар или Партал (4 к.) доселени се од северна Албанија. Живееле некое време и во селото Ѓурѓевиште. Го знаат следното родословие Ферми (жив на 34 год. во 1948 година) Меди-Бајрам, кој се доселил во селото. Имаат роднини во селата Врапчиште, Ѓурѓевиште и некои други села; Браимлар (4 к.), Дурмишлар (3 к.) и Амзолар (4 к.) имаат исто потекло како и претходниот род. Од родот Дурмишлар има иселеници во Битола; Коваче (3 к.) доселени се од Чаја во Љума; Рочалар (1 к.), Шабанлар (1 к.) и Билал (1 к.) последните два рода се млади доселеници. Родот Билал се доселил во 1928 година од северна Албанија. Од родот Шабанлар има иселеници во селото Градец.[11]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 450 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 93 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  4. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. . . Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди