Грушино

село во Општина Арачиново

Грушино — село во Општина Арачиново, во околината на градот Скопје.

Грушино
Грушино во рамките на Македонија
Грушино
Местоположба на Грушино во Македонија
Грушино на карта

Карта

Координати 42°3′38″N 21°37′14″E / 42.06056° СГШ; 21.62056° ИГД / 42.06056; 21.62056
Општина  Арачиново
Население 883 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25064
Надм. вис. 428 м
Грушино на општинската карта

Атарот на Грушино во рамките на општината
Грушино на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на рамничарските предели на северна Скопска Котлина, или на јужните граници на Скопска Црна Гора.

Историја

уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 27 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 101 мажи муслимани, со 13 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 228 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 178 жители.[3]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Брушница живееле 150 Арнаути муслимани[4].

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од Општина Бунарџик и има 399 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[6]

Демографија

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Грушино живееле 150 жители, сите Албанци.[7]

На пописот од 2002 година, селото имало 1.128 жители, од кои 1.126 Албанци и 2 останати.[8]

На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002 2021
Население 150 615 724 728 862 879 1.007 1.128 883

Родови

уреди

Грушино е албанско село.

Според истражувањата од 1963 година, родови во селото:

  • Доселеници: Рукол (27 к.) најстар селски род. Нивното потекло е од фисот Соп во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Абдула (жив на 32 г. во 1963 година) Јакуп-Камбер-Мамут-Јакуп-Мамут-Асан, основачот на родот кој се доселил. Асан имал четири синови, Беќир, Селим, Мамут и Ебип; Имишт (28 к.) доселени се после претходниот род. Нивното потекло е од фисот Бериш во северна Албанија. Ја знаат следната гененологија Садик (жив на 50 г. во 1963 година) Рушит-Алија-Рушит-Дурак-Али Топал. Имаат роднини во селото Липково; Везњан (10 к.) доселени се после претходните родови. потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија; Коџобеј (11 к.) најмлади доселеници. доселени се во првата половина на XIX век. Потекнуваат од фисот Шаља во северна Албанија.[9]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Грушино има 883 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 2
Албанци 854
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 27

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2340 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[10]

Иселеништво

уреди

Албански иселеници од ова село има во Турција (13 семејства) и во Скопје. Иселениците во Турција живеат во Истанбул, Јени-Кол и во Бурса.[9]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  3. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  4. Албанците биле забележани како Арнаути.
  5. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
  7. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. 9,0 9,1 . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  10. „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.

Надворешни врски

уреди