Арматуш

село во Општина Новаци

Арматуш — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Арматуш
Арматуш is located in Македонија
Арматуш
Местоположба на Арматуш во Македонија
Координати 41°5′48″N 21°31′36″E / 41.09667° N; 21.52667° E / 41.09667; 21.52667Координати: 41°5′48″N 21°31′36″E / 41.09667° N; 21.52667° E / 41.09667; 21.52667
Општина Новаци
Население 41 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 02002
Надм. вис. 948 м
Арматуш на општинската карта
Арматуш во Општина Новаци.svg

Атарот на Арматуш во рамките на општината

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа на околу пет километри од Новаци и на 20 км источно од Битола.

ИсторијаУреди

Арматуш е старо село, најпрво населено со македонско население. Кон крајот на турското владеење земјата од ова село му припаѓала на Азис-ага од Битола, а жителите биле чифчии.[1] За време на Првата светска војна поради близината на фронтот селото било раселено. После војната, земјата од Азис-ага ја купил Веле Трајкоски-Јама, месар од Битола.[1] Без постојано население селото останало околу 30 години. Во 1946 година државната власт ја одзела земјата на споменатиот сопственик и ја поделила на новонаселените албански семејства.[1]

СтопанствоУреди

ДемографијаУреди

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Арматуш имало 24 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]

Според пописот од 2002, селото брои 41 жител, од кои 25 Турци и 16 Албанци.[3]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194874—    
195394+27.0%
196155−41.5%
197131−43.6%
ГодинаНас.±%
198134+9.7%
199140+17.6%
199439−2.5%
200241+5.1%

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]

Година 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 24[2] 74 94 55 31 34 40 39 41

РодовиУреди

Арматуш е албанско село.

Родови во Арматуш се:

  • Доселеници: Салијевци (8 куќи) доселени се 1946 година од селото Снегово, таму се доселени од јужна Албанија; Мединовци (4 куќи) и тие се доселени од Снегово во 1946 година, и нивното подалечно потекло е од јужна Албанија; Узеировци (1 куќа) и Алимовци (1 куќа) доселени се во 1946 година од Снегово, и нивното подалечно потекло е од јужна Албанија; Џаферовци (2 куќи) доселени се во 1946 година од селото Лера, подалечно потекло од јужна Албанија; Шемовци (1 куќа) и Гани (1 куќа) доселени се 1946 година од селото Обедник, Железник, подалечно потекло од северна Албанија.[5]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Изборно местоУреди

Селото е опфатено во изборното место бр. 167 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Мегленци.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 62 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитостиУреди

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Трифуноски, Јован Ф. (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 123.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врскиУреди