Бохула
Бохула (на месен народен говор: Боула) — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.
Бохула | |
Сретселото во Бохула | |
Координати 41°17′17″N 22°09′42″E / 41.28806° СГШ; 22.16167° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Бошава |
Население | 20 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1437 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11002 |
Надм. вис. | 900 м |
Слава | Свети Атанасиј |
Бохула на општинската карта Атарот на Бохула во рамките на општината | |
Бохула на Ризницата |
Потекло на името
уредиИмето на селото се поврзува со вид на ноќни грабливци „боуви“, кои ги имало во голем број додека областа била под шума.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, од десната страна на реката Бошава, чиј голем атар издолжено се допира на една страна со подрачјето на Општина Демир Капија, а на друга страна се издига на северозападната падина на Кожуф, односно на тесен дел на неговиот срт се допира со државната граница со Грција.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 26 километри.[3]
Има мошне голем атар кој зазема површина од 56 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 3.809,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 1.283,3 хектари, а на обработливото земјиште 391,5 хектари.[3]
Во најголем дел, селото се наоѓа на левата и присојна страна на Бохулска Река. Селото е од збиен карактер со разредени краеви. Било поделено на Спротивно Маало, сместено на десната страна на реката, Средно Маало, Бегуловско Маало, Мањовско Маало, Римишовско Маало, Дисанковско Маало и Голчевско (Горно) Маало.[2]
Историја
уредиСелото било муслиманско-христијанско. Поголемиот дел од родовите се староседелци. Кога се доселиле Пиперковци во средината на XVIII век, само една куќа била турска (Рукевци). Кон крајот на XVIII век се населиле Дисанковци од Долни Дисан и тогаш започнало потурчувањето.[2]
Во XIX век, Бохула било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиСелото има мешовита земјоделска функција.[3]
Селаните живееле од земјоделство и сточарство. Поради добрите услови за пасишта, селото било посетувано од Каракачани и Куцовласи со својата стока. На Бохулска Река имало пет воденици, четири валавници и една шарлагарница.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бохула имало 880 жители, од кои 460 Македонци муслимани, 405 Македонци христијани и 15 Роми.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бохула имало 384 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[6]
Од ова планинско и периферно село се иселил значителен број од населението. Така, во 1961 година селото броело 492 жители, а во 1994 година бројот се намалил дури на 33 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Бохула имало 28 жители, од кои 25 Македонци и 3 Турци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 880 | 384 | 705 | 606 | 492 | 256 | 58 | 35 | 33 | 28 | 20 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиКако родови во Бохула се споменуваат:[2]
- Христијански родови:
- Староседелци: Танчевци (5 к.), Павлевци (1 к.), Петревци (2 к.), Шутевци (1 к.), Белевци (4 к.), Ѓорговци (1 к.) и Голчевци (1 к.)
- Доселеници: Пиперковци со Римишовци, Мурџивци и Џолевци-Мијовци (31 к.) според народното предание потекнуваат од некој предок Темелко кој се доселил во селото од некое село Пиперово во Арнаутлук. Овде се доселил Темелко со двајца свои браќа околу средината на XVIII век; Мајсторовци (4 к.) потекнуваат од предокот Лазарко кој бил мајстор. И тој се доселил на почетокот од XIX век од Арнаутлук; Трајковци-Мекиши (1 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Конопиште; Струмички (1 к.) доселени се околу 1870 година од Струмичко; Геговци-Стрмашевци (3 к.) доселени се околу 1870 година од селото Стрмашево; Ѓуровци (1 к.) доселени се околу 1880 година од селото Драчевица; Ѓурчевци (1 к.) доселени се околу 1880 година од селото Бегниште; Конопишки (1 к.) доселени се околу 1895 година од селото Конопиште; Аврамовци-Лесковци (1 к.) доселени се околу 1902 година од селото Радња. Подалечно потекло од селото Лесково во Меглен; Башовски (1 к.) доселени се во 1907 година од селото Долна Бошава; Јовановци (1 к.) доселени се во 1910 година од селото Драчевица; Кицовци (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Чемерско; Атанасовци (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Тушин во Меглен (воденско); Пешовци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Стрмашево.
- Муслимански родови:
- Старинци: Даутовци (3 к.), Агушовци (2 к.), Делијовци (1 к.), Доклевци (10 к.), Дураковци (2 к.), Алишовци (2 к.), Кадријовци (1 к.), Куртовци (1 к.), Мустафовци (1 к.), Аметовци-Колачке (2 к.), Максудовци (5 к.), Оџевци (4 к.), Аличковци (3 к.), Џаџевци (3 к.), Малотовци (3 к.), Муновци (1 к.), Мањовци (11 к.), Касамовци (2 к.), Бегуловци (1 к.), Хамзовци (2 к.), Баловци (1 к.), Џаферовци (1 к.), Дуракчевци (1 к.), Голгаиовци (1 к.) и Алибеговци (1 к.)
- Доселеници: Ипевци (10 к.) основачот на родот се доселил кон крајот на XVIII век од некое место во Србија. На северот од државата; Дисанковци (7 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од селото Долни Дисан; Хусиновци-Стрмашевчиње (3 к.) доселени се околу 1870 година од селото Стрмашево; Јуруковци (1 к.) потекнуваат од јуруците; Мустафовци (1 к.), Исиновци (1 к.), Мустафовци (1 к.) и Земловци (1 к.) доселени се во 1916 година од мегленското село Ноти.
Општествени установи
уреди- Поранешно основно училиште
- Месна заедница
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Бохула, во која влегувале селата Бохула, Радња и Чемерско.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Бохула се наоѓале селата Барово, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0708 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бохула, Радња и Чемерско, кое е сместено во зграда на подружницата „Бор“ во селото Бохула.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[15]
- Ограѓе — населба од доцноантичкото време;
- Петрошница — средновековен рудник; и
- Страната — населба од доцноантичкото време.
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква
- Споменици
- Реки[18]
- Џамии
Со првите населување на Турците во Бегуловско Маало направиле џамија, додека по потурчувањето на селото, џамијата била изградена во Средно Маало. Денес, нема остатоци од џамиите.
Редовни настани
уреди- Свети Атанасиј — селска слава
Галерија
уреди-
Мало езеро пред влезот во селото
-
Споменик на НОБ од десната страна пред влезот во селото
-
Пределот околу селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 294-299.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 36. Посетено на 21 јануари 2018.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 153.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 јануари 2018.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 јануари 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 17 јуни 2020. Посетено на 21 јануари 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 144. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 21 јануари 2018.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 14. ISBN 978-9989-2117-6-8.