Матка (село)

село во Општина Сарај

Матка — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Матка
Матка во рамките на Македонија
Матка
Местоположба на Матка во Македонија
Матка на карта

Карта

Координати 41°58′9″N 21°17′9″E / 41.96917° СГШ; 21.28583° ИГД / 41.96917; 21.28583
Општина  Сарај
Население 466 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25087, 25587
Надм. вис. 357 м
Матка на општинската карта

Атарот на Матка во рамките на општината
Матка на Ризницата
Оро на селаните во Матка, 1928 г.

Географија и местоположба

уреди

Селото Матка се наоѓа на 11 км северозападно од градот Скопје. Во близина на селото се наоѓа езерото Матка со својата електрана, изградена во 1938 година.

Историја

уреди

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 16 семејства сите христијани.[2]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 8 христијански[3] и 10 муслимански[4] домаќинства. На овој попис биле забележани 23 мажи христијани, со 2 новороденчиња и 41 мажи муслимани со 2 новороденчиња. Било забележано дека 4 мажи муслимани со своите семејства се тазе доселени во Матка. Се проценува дека селото во тој период имало 144 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 214 жители.[5]

Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 120 жители Албанци муслимани и 90 Македонци христијани.[6] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[7] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[8]

Во далечното историско минато поточно во 1938 година во селото Матка на реката Треска е изградено вештачкото езеро Матка. Таа акумулација е најстарата акумулација на Балканскиот Полуостров. Ова место се смета за туристичко-излетничко.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948423—    
1953513+21.3%
1961433−15.6%
1971—    
1981—    
ГодинаНас.±%
1991—    
1994—    
2002468—    
2021466−0.4%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 150 Албанци.[9]

На пописот од 2002 година, селото имало 468 жители, од кои 167 Македонци, 300 Албанци и 1 Србин.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 466 жители, од кои 157 Македонци, 248 Албанци, 1 Србин, 5 Бошњаци, 4 останати и 51 лице без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 423 513 433 468 466
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

Матка е мешано село.

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се

Македонски

  • Староседелци: Дуаловци (8 к.) и Лауровци или Кобуровци (13 к.) во поново време познати и како Трајчевци и Ѓорчевци.
  • Доселеници: Маќовци (5 к.) доселени се од селото Луковица. Таму имале истоимени роднини. Го знаат следното родословие: Анто (жив на 65 г. во 1949 година) Цветан-Бошко-Гроздан, кој се доселил во селото; Шопои или Панчеи (2 к.) доселени се од селото Ивање, сега уништено село близу Треска, на падините на Осој. Го знаат следното родословие: Трпче (жив на 52 г. во 1949 година) Цветан-Панче-Трајко.

Албански

  • Доселеници: Шкека (10 к.) доселени се од местото Дарда во Матија, Албанија. Во старото место биле Ајдуци, потоа од крв се иселиле од старото место тројца браќа. Го знаат следното родословие: Рефик (жив на 48 г. во 1949 година) Мифтар-Ибраим-Авдија-Ибраим, еден од браќата кој се доселил. Имаат роднини во Љубин и ’Ржаничино; Долдуровци (5 к.) доселени се од местото Бице во Љума, северна Албанија; Еремовци (1 к.) доселени се од селото Раовиќ, таму имале истоимени роднини; Рустемовци (6 к.) потекнуваат од предок христијанин кој овде се доселил кон средината на XIX век. Основачот на овој род говорел македонски, но поради мешање со албанското население овој род се смета за албански. Основачот на родот овде дошол како слуга кај Шкека, и затоа населението на овој род истакнува за роднински врски со родот Шкека.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Црквата „Св. Андреја“ во близина на Матка
 
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка

Во близина на самото село се наоѓа и кањонот Матка, на кој е изградена вештачката акумулација на реката Треска, и е добиено езерото Матка. Кањонот изобилува со надводни и подводни пештери. Постојат и неколку цркви од кои најзначајна е црквата „Св. Андреjа“.

Цркви и манастири

уреди

Во непосредната околина на селото постојат повеќе црковни храмови изградени во средновековниот период, поточно во XIII и XIV век.

Археолошки наоѓалишта

уреди

На подрачјето на селото има низа археолошки наоѓалишта:[17]

  • Катуниште — населба од римско време
  • Круша — осамен објект од доцноантичко време
  • Куќишта — населба од доцноантичко време
  • Марков Град — тврдина од доцноантичко време и средниот век
  • Св. Спас — градиште од римско и доцноантичко време

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.503
  3. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  4. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  5. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  7. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  8. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
  17. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 377-378. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

уреди