Градец (Виничко)
Градец — село во Општина Виница, кое се наоѓа во самото подножје на планината Плачковица, во околината на градот Виница.
Градец | |
Поглед на селото Градец | |
Координати 41°50′12″N 22°30′58″E / 41.83667° СГШ; 22.51611° ИГД | |
Регион | Источен Регион |
Општина | Виница |
Население | 1.013 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2310 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 05004 |
Надм. вис. | 510 м |
Градец на општинската карта Атарот на Градец во рамките на општината | |
Градец на Ризницата |
Географијa и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 4 километри јужно од градот Виница, на падините на планината Плачковица, на надморска висина од 510 метри. Атарот на селото е голем и зафаќа површина од 59 км2, во чии рамки доминираат шуми со површина од 4.141,2 ха, потоа следуваат пасишта со 1.264,1 ха и обработливо земјиште со 423,1 ха. Атарот се издига до сртот на Плачковица, каде што се граничи со териториите на општините Карбинци и Радовиш. Со оглед на тоа дека селото се наоѓа на оддалеченост од неколку километри од Виница, Градец припаѓа на рурбалната зона на ова централно место.[2] Низ селото тече Градечка Река, којашто е значајна за наводнувањето на Виничко Поле, а претставува и извор за производство на електрична енергија.
Во април 2011 година е изготвен урбанистички план со кој е планирано изградба на нова населба Градец, којашто се предвидува да биде расположена на просторот меѓу Градец и Виница.[3]
Стопанство
уредиНаселението во селото главно се занимава со земјоделство и лов. Во поглед на земјоделството, селото има мешовита функција.[2]
Во непосредна близина на селото, во правец кон планината Плачковица, се наоѓа МХЕ „Градечка Река“, којашто има моќност од 0,7 MW. Акумулацијата на реката е изградена на околу 2 км од централата.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 700 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.150 Турци.[5]
Разгледувајќи го бројот на населението во текот на XX век, за Градец може да се забележи дека тоа покажува стабилност и постојаност на бројот на своите жители, кој постојано е над 1.000 жители. Според пописот во 1948 година, во селото живееле 1.513 лица; додека најголем број на жители е забележан на пописот во 1953 година, кога во селото живееле 1.639 лица. По 1953 година е забележан пад на бројот на населението во селото, па така на пописот во 1971 тоа изнесувало 1.132 лица, што претставува најмал број на населението на некој од спроведение пописи. Бројот на населението на пописите по 1971 години се одржувал на нивото од околу 1.200 жители.
Според пописот од 2002 година, селото имало 1.245 жители, од кои 1.215 Македонци, 21 Ром и 9 Турци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.013 жители, од кои 758 Македонци, 6 Турци, 161 Ром, 4 останати и 84 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 700 | — | 1.513 | 1.639 | 1.312 | 1.132 | 1.244 | 1.184 | 1.175 | 1.245 | 1.013 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиГрадец е македонско село, а порано било чисто турско село.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се
Турски
- Пашалар (30 к.), Местанлар (15 к.), Ајралар (10 к.), Незир-Агалар (10 к.), Потурнаклар (10 к.), Солаклар (10 к.), Кафеџилер (9 к.), Чираклар (6 к.), Селманџиклер (7 к.), Дураќелер (6 к.), Леваклар (6 к.), Ешманлар (5 к.), Муалилер (5 к.), Налбатлар (5 к.), Оручлер (5 к.), Териќелер (5 к.), Шеелер (5 к.), Ќуселер (4 к.), Аџи-Усејинлар (3 к.), Гогалар (3 к.), Ѓуртилер (3 к.), Мракилар (3 к.), Таиралар (3 к.), Гронделер (2 к.), Фитилер (2 к.), Ајдарчелер (1 к.), Миртилер (1 к.) и Тиролар (1 к.) предците на наведените турски родови се населиле во XVIII век. Возможно е родот Потурнакалар да води потекло од Турцизиран Македонец.
- Блатчани (3 к.) доселени се од селото Блатец.
- Јуруклер (4 к.) доселени се од Радовишко. Они се Јуруци.
Ромски
- Ајвас (1 к.), Елмас (1 к.), Мустафа (1 к.) и Усеин (1 к.) стари родови во селото.
Македонски муслимани
- Алит (1 к.) и Асан (1 к.) доселени се од селото Горно Врановци кај Велес.
Македонски Православни
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа во рамките на Општина Виница, во чијшто состав е според сите административни поделби од 1952 година. Во периодот од 1950 до 1952 година, истото претставувало посебна општина во рамки на Кочанската околија.
Избирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 315 и 315/1 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.125 гласачи.[14]
Општествени установи
уредиВо селото се наоѓа подрачно училиште на ОУ „Славчо Стојменски“ во Виница. Покрај тоа, во селото има дрводелска, односно автомеханичарска и лимарска работилница, амбуланта, продавници и угостителски објекти.[2]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[15]
- Црква „Св. Илија“ — главната селска црква.
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Бедеш — средновековна населба;
- Виничка Река — доцноантичка населба;
- Градец — средновековно стовариште на монети;
- Градиште — доцноантичка населба;
- Клисе Баир — римска некропола и могили.
Во селото исто така може да се забележат остатоци од минаре, што укажува на тоа дека во минатото во него имало џамија.
Иселеништво
уредиПреку 150 турски семејства се имаат иселено во Турција. Потомците на иселените Турци од селото се наоѓаат во градот Ак-Хисар и неговата близина (само во селото Суљманли се иселени околу 60 семејства).[12]
Галерија
уреди-
Глетка на селото од планината Плачковица
-
Пат низ селото
-
Селска куќа
-
Сретселото на Градец
-
Остатоци од минаре во селото
-
Споменик посветен на загинатите борци за ослободување на селото во НОБ
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Градец (Виничко) на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Градец на Карти на Гугл
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 83.
- ↑ Пејчиновска-Андонова, Славјанка (март–април 2011). „Извештај за стратегиска оцена на плански документ врз животната средина: Урбанистички план за село „Нова населба Градец", Општина Виница, плански период 2010-2020“ (PDF). Скопје: Друштво за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ ДООЕЛ Скопје. стр. 46. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-06-29. Посетено на 7 јуни 2016.CS1-одржување: датумски формат (link)
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 226
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јуни 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 12,0 12,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.