Североисточен Регион

регион во Македонија

Североисточен Регион — еден од осумте статистички региони на Македонија. Тој се наоѓа во североисточниот дел на државата и се граничи со Србија и Косово на север и Бугарија на исток и внатрешно со Скопскиот и со Источниот Регион. Главен центар на регионот е Куманово.

Североисточен Плански Регион
Регион
Грб
Потекло на името: Името потекнува од местоположбата во Републиката.
Земја Македонија Македонија
Површина 2,310 км2
Население 152,892 (2021)
Основано 2009
Часовен појас UTC +1
Повикувачки бр. 031
Oпштини 6
Седиште Куманово
Раководител Младен Протиќ
Контакт 031/ 424-878
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Портал: Официјално мрежно место

Општини

уреди
 
Карта на општините.

Североисточниот Регион опфаќа шест општини, и тоа:

  1.   Кратово
  2.   Крива Паланка
  3.   Куманово
  4.   Липково
  5.   Ранковце
  6.   Старо Нагоричане

Демографија

уреди
 
Карта на етничките групи во Североисточниот Регион.

Население

уреди

Моментално, североисточниот регион има околу 173.814 жители, или 9 % од населението на Македонија.

Попис Население Промена
1994 163.841 н/п
2002 173.814 +6,84 %
2021 152.892 -12,04 %

Најголеми населени места

уреди

Најголемите населени места во регионов според пописот од 2021 година се:

Ранг Населено место Население
1 Куманово 75.051
2 Крива Паланка 13.481
3 Кратово 5.791
4 Слупчане 3.654
5 Матејче 2.961
6 Липково 2.138
7 Лојане 1.905
8 Ваксинце 1.808
9 Оризари 1.692
10 Опае 1.619

Народи

уреди

Најброен народ во регионот се Македонците, покрај нив живеат и:

Народ Жители Удел (%)
Вкупно 173.814 100
Македонци 102.108 58.74
Албанци 53.650 30.86
Срби 10.479 6.02
Роми 5.132 2.95
други 2.445 1.40

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди