Алашевце
Алашевце — село во Општина Липково.
Алашевце | |
Координати 42°11′9″N 21°35′25″E / 42.18583° СГШ; 21.59028° ИГД | |
Општина | Липково |
Население | 89 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 17002 |
Надм. вис. | 611 м |
Алашевце на општинската карта Атарот на Алашевце во рамките на општината | |
Алашевце на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа во северозападниот дел на Кумановското Поле или Жеглигово, во сливот на Липковска Река, а во рамките на територијата на Општината Липково. Селото е ридско, на надморска височина од 650 метри. Од градот Куманово населбата е оддалечена 14 км.
Историја
уредиСтопанство
уредиСелото има мошне мал атар на простор од 2,7 км2. Обработливото земјиште зазема површина од 129 ха, на пасиштата отпаѓаат 51 ха, а на шумите 82 ха. Селото има полјоделска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[3]
Алешевце е мала населба, којашто во 1961 година имала 307 жители, а во 1994 година 158 жители, исклучително населено со албанско население.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 126 жители, од кои 119 Албанци и 7 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 89 жители, од кои 84 Албанци и 5 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | — | 496 | 340 | 307 | 334 | 283 | 0 | 158 | 126 | 89 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
уредиАлашевце е албанско село.
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото се:
- Доселеници: Алшиче (26 к.) потекнуваат од фисот Бериша. Овде се доселиле од селото Слубица кај Гнилане. Го знаат следното родословие: Алил (жив на 38 г. во 1941 година) Иљаз-Алил-Асан-Амет, основачот на родот кој се доселил. Подалечно потекло имаат од северна Албанија, од местото Алшиќ во Малесија; Гавел (12 к.) потекнуваат од фисот Бериша. Доселени се после претходниот род од селото Станчиќ во Горна Морава. Уште подалечно потекло од северна Албанија.[10]
Општествени установи
уреди- ПОУ „Фаик Коница“ - Алашевце — подрачно училиште на ОУ „Фаик Коница“ - Слупчане.
Самоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 9–10.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |