Шипокно

село во Општина Охрид

Шипокно — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Шипокно

Куќи во селото Шипокно

Шипокно во рамките на Македонија
Шипокно
Местоположба на Шипокно во Македонија
Шипокно на карта

Карта

Координати 41°4′48″N 20°48′48″E / 41.08000° СГШ; 20.81333° ИГД / 41.08000; 20.81333
Регион  Југозападен
Општина  Охрид
Област Охридско
Население 117 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6000
Повик. бр. 046
Шифра на КО
Надм. вис. 930 м
Шипокно на општинската карта

Атарот на Шипокно во рамките на општината
Шипокно на Ризницата

Потекло на името

уреди

Името на селото веројатно потекнува од апелативот „шипок, шипка, шипинка“.[2]

Географија и местоположба

уреди

Ова село се наоѓа во Охридско, во средишниот повисок дел на територијата на Општина Охрид.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 930 метри. Од градот Охрид, селото е оддалечено 7 километри.[3]

Куќите на ова мало село се наоѓаат на падина на планината Галичица, на височина околу 1.000 метри. Селото е сместено недалеку од туристичката населба Свети Стефан. Околни села се Велестово на исток и Коњско на југ. Во минатото мештаните користеле една чешма за вода за пиење.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Свети Стефан, Краста, Елен, Висок Камен, Дол и други.[4]

Селото се наоѓа на планината Галичица, над источниот брег на Охридското Езеро. Во близината на езерото по Втората светска војна на атарот на селото биле изградени бројни туристички објекти, каде подоцна израснала и населбата Свети Стефан.[4]

Историја

уреди

Денешното село не е многу стара населба. Основано е на истоименото селиште во текот на отоманскиот период. Основачи биле три рода, од кои потекнуваат денешните селски родови.[4]

До 1912 година, селото претставувало чифлиг на Јаја-ага од Охрид. Меѓутоа, потоа тој бил протеран и земјата му била одземена.[4]

Во XIX век, Шипокно било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

За селото никогаш не била извршена катастарска евиденција и нема податоци за распределбата на атарот по функција.[3]

Околу селото се наоѓаат пространи планински пасишта. Поради нив, до Втората светска војна, мештаните се занимавале главно со сточарство. Најмногу биле одгледувани кози, овци и говеда. Исто така, мештаните оделе и на печалба.[4]

По војната, мештаните се вработиле во градот Охрид во растечката индустрија.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194880—    
1953103+28.8%
196180−22.3%
1971109+36.3%
1981153+40.4%
ГодинаНас.±%
1991119−22.2%
1994212+78.2%
20025−97.6%
2021117+2240.0%

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото Шипокно имало 5 домаќинства и 24 жители.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шипокно живееле 30 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Шипокно имало 32 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чипокно е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 5 куќи.[8]

Селото е мало и е населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 80, а во 1994 година 212 жители. До пописот од 1994 година била броена и туристичката населба Свети Стефан во рамки на селото.[3][9]

Според пописот од 2002 година, во селото Шипокно живееле 5 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 117 жители, од кои 110 Македонци, 3 Турци и 4 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 30 32 80 103 80 109 153 119 212 5 117
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:[16]

  • Староседелци: Затарковци (7 к.) и Бучковци (3 к.).

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Шипокно, се наоѓале и селата Велгошти, Велестово, Елшани, Коњско, Лескоец, Љубаништа, Пештани, Рамне, Скребатно и Трпејца. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Шипокно, во која влегувале селата Велестово, Коњско и Шипокно.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1297 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на хотел „Бетон“ во населбата Свети Стефан. Во избирачкото место е опфатена и населбата Свети Стефан.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 99 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед на манастирската црква „Св. Стефан“
Археолошки наоѓалишта[19]
Цркви[20]
Манастири

Личности

уреди

Иселеништво

уреди

Од селото се имаат иселено голем број домаќинства, главно во градот Охрид.[4]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 205. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 323. Посетено на 8 јануари 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  9. Податоците за населеното место Свети Стефан, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 година, се содржани во податоците за населеното место Шипокно.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 јануари 2020.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. Русиќ, Бранислав. Охридско Поле. Архивски фонд на МАНУ АЕ 87/1.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 јануари 2020.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 21 јануари 2020.
  19. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди