Љубинци
Љубинци — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија. Селото се наоѓа во рамничарскиот дел на областа и на самата општина.
Љубинци | |
Влез во едно од маалата на Љубинци покрај самиот магистрален пат | |
Координати 42°10′48″N 22°8′24″E / 42.18000° СГШ; 22.14000° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Ранковце |
Население | 131 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1316 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15029 |
Надм. вис. | 530 м |
Љубинци на општинската карта Атарот на Љубинци во рамките на општината | |
Љубинци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во средишниот дел на Славишко Поле, од десната страна на Крива Река и е едно од ретките рамничарски села во Општина Ранковце. Од општинското средиште Ранковце е оддалечено околу 2 километри. Селото е сместено на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат од Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница.
Стопанство
уредиПоради својата положба во рамничарскиот дел на Славишко Поле, населението во селото главно се занимава со земјоделството искористувајќи ги погодностите од плодната почва во атарот на селото.
Во селото не постојат стопански или услужни објекти.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Љубинци живеат 164 жители, од кои 163 Македонци и 1 останат.[3] Сите жители припаѓале на православното христијанство.
Во последните години во ова село, за разлика од останатите, се забележува негово зголемување.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 131 жител, од кои 130 Македонци и 1 лице без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 162 | 160 | 255 | 295 | 250 | 193 | 136 | 141 | 144 | 164 | 131 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
уредиЉубинци е македонско село.
Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се
- Седларско маало: Седларци (4 к.) најстар род во селото. Можеби се староседелци.
- Средно маало: Дејанци (4 к.), Велковци (3 к.), Кара-Јовановци (3 к.), Ружинци (1 к.) и Домазетовци (1 к.) сите се доселени. Домазетовци потекнуваат од домазет доселен од селото Милутинце. Другите се со непознато потекло.
- Спротивско маало: Глобарци (1 к.), Дурузи (1 к.), Шелавци (1 к.), Влајковци (1 к.) и Сугаревци (1 к.) сите се доселени. Влајковци се доселени од селото Опила. Сугаревци се доселени од селото Радибуш. А останатите родови се со непознато потекло.
- Чифлачко маало: Чифлижани (2 к.) доселени се од селото Отошница.[9]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Најстари Доселеници: Сургуци (2 к.), Мирашовци (1 к.), Чаревци (4 к.), Влајковци (1 к.), они се најстари родови во селото. Преданието наведува дека однекаде од Србија се доселиле Љуба, Гина и Милутин. Они биле тројца браќа, и сите основале посебни села. Милутин го основал Милутинце, Гина го основал Гиновци, а Љуба го основал Љубинци. Наведените родови потекнуваат од Љуба.
- Доселеници: Дејанци (6 к.) доселени се околу 1821 година од селото Радибуш; Кара Јованци (3 к.) доселени се околу 1835 година од селото Куклица кај Кратово; Глобарци (3 к.) доселени се околу 1895 година од селото Отошница; Јушмерци (10 к.) доселени се околу 1895 година од селото Гиновци; Кокера (1 к.) доселени се околу 1900 година од селото Гиновци; Сугаревци (1 к.) доселени се околу 1905 година од селото Радибуш; Ќурулаци (1 к.) доселени се околу 1921 година од селото Станча.[10]
Самоуправа и политика
уредиСелото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото исто така било дел од тогашната општина Ранковце, во која покрај Љубинци се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнце, Гулинци, Одрено, Опила, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.
Галерија
уреди-
Едно од маалата на Љубинци покрај магистралниот пат
-
Влез во едно од маалата на Љубинци
-
Поглед на едно од маалата на Љубинци
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован. Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ.
- ↑ Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.