Баница

село во Општина Струмица

Баницасело во Општина Струмица, на 2 километри од градот Струмица.

Баница
Баница во рамките на Македонија
Баница
Местоположба на Баница во Македонија
Баница на карта

Карта

Координати 41°26′43″N 22°36′29″E / 41.44528° СГШ; 22.60806° ИГД / 41.44528; 22.60806
Општина Струмица
Население 1.191 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27003
Надм. вис. 250 м
Слава Ѓурѓовден
Баница на општинската карта

Атарот на Баница во рамките на општината
Баница на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Амам на Мехмед Ага
 
Стара џамија
 
Подрачно училиште „Сандо Масев“

Баница се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 2 километри.

Надморската височина во селото е 250 метри а површината на селото изнесува 742 ха.

Селото се граничи со Струмица, Попчево, Водоча, Добрејци, Ангелци, Градошорци.

Историја

уреди

Византиски период

уреди

Во почетокот на 9 век, за време на византискиот цар Никифор I во Струмичко било населено христијанско население од градот Тибериопол кој се наоѓал во областа Витинија во Мала Азија. Според В. Златарски овие малоазиски колонисти подигнале нова населба, на просторот меѓу денешните села Баница и Водоча, на која и го дале името Тивериопол, а во спомен на својата дотогашна постојбина[2]

Османлиски период

уреди

Селото се споменува во отомански регистри од XVI век како Шехр Азад, или во превод „спасен град[3]. Во отоманските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Малешева од 1621-1622 година, селото е наведено под името Баниче со 4 домаќинства[4].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Баница се состоела од 30 семејства од кои 96 Македонци и 18 муслимани[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Баница имало 320 жители од кои 120 Македонци и 140 Турци и 60 Роми[5][7]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци[5][8].

Селото Баница во почетокот на XX век било типично чифлиско село[2].

Југословенски период

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, и подоцна Кралство Југославија. Во селото се населиле мал број на колонисти од Србија.

Во текот на Втората светска војна од селото како припадници на партизански одреди загинале Ѓорѓиев Киро и Ѓорѓиев Васил.

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 7,3 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 413 ха, на пасиштата отпаѓаат 112,6 ха, а на шумите 260,7 ха. Селото има полјоделска функција.[9]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948680—    
1953601−11.6%
1961729+21.3%
1971895+22.8%
19811.086+21.3%
ГодинаНас.±%
19911.283+18.1%
19941.163−9.4%
20021.137−2.2%
20211.191+4.7%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци и 50 Турци.[10]

Во 1953 година селото имало 601 жител, од кои 520 Македонци и 78 Турци. Во 1961 година, бројот на жители бил 729 од кои 718 Македонци и 10 Турци. Според пописот од 1971 година во селото живееле 897 жители, додека според пописот од 1981 - 1086 жители.[3].

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.137 жители, од кои 1.129 Македонци, 2 Срби, 1 Бошњак и 5 останати.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.191 жител, од кои 438 Македонци, 3 останати и 750 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 320 96 680 601 729 895 1.086 1.283 1.163 1.137 1.191
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Општествени установи

уреди
 
Струмин гроб

Во селото работи подрачното Основно училиште - Сандо Масев.

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 1763, 1763/1 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.347 гласачи.[18]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.361 гласач.[19]

Културни и природни знаменитости

уреди

На северниот крај од селото се наоѓа Струмин гроб, средновековен или антички гроб, за кој постојат повеќе легенди. Исто во селото Баница има две православни цркви св. Ѓорѓи и св.Димитар кој св.Ѓорѓи се наоѓа на надморска височина од 300m, а св.Димитар близу центарот на селото.

Во селото Баница има џамија која ја посетуваат припадниците на муслиманската вера. Некогаш во селото постоела и џамија која денес е напуштена.

Во селото се наоѓаат следните археолошки наоѓалишта:

Спорт

уреди

Првата кожна фудбалска топка во струмичкиот регион била набавена во селото Баница, што останала кај некој селанец од англиските војници во текот на Првата светска војна. Група младинци ја откупиле од селанецот и долго играле. Неколку години потоа се одржувале натпревари на „дивите" маалски клубови по празните места на Струмица опожарена во 1913 година[2].

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 М. Пандевски и Г. Стоев-Трнката. „Струмица и Струмичко низ историјата“, Струмица, 1969, стр. 32.
  3. 3,0 3,1 Митева, Димка. „Топонимијата на Струмичко“, Скопје, 1989, стр. 26-27.
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 286
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 160.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  9. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 18.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  19. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)

Надворешни врски

уреди