Грко Поле
Грко Поле — село на Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Грко Поле | |
Поглед на селото Грко Поле | |
Координати 41°17′25″N 20°51′54″E / 41.29028° СГШ; 20.86500° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебрца |
Област | Дебрца |
Население | 14 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 887 м |
Грко Поле на општинската карта Атарот на Грко Поле во рамките на општината | |
Грко Поле на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Грко Поле се наоѓа во областа Дебрца. Околни села се Велмеј на северозапад, Лешани на југ, и Горно и Долно Средоречие на запад.[2]
Историја
уредиВо XIX век, Грко Поле се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Грко Поле имало 20 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грко Поле имало 48 жители.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Гркополе е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 30 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 20 | 48 | 60 | 59 | 52 | 63 | 55 | 37 | 27 | 30 | 14 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиГрко Поле е македонско православно село. Селото е младо по постанок, основано е средината на XIX век од грчкиот род Маргаритовци, кои живееле во Охрид. Тие на лето живееле во селото додека зиме биле во Охрид. Потоа со селото завладеале Турци, тие ја купиле земјата и потоа се населиле македонски родови кои работеле за нив. Најстари родови во селото се Сошанковци и Џукаровци, пред крај на турското владеење се населиле и Малесорци.[12]
Родови во Грко Поле се: Сошанковци (6 к.) доселени се средината на XIX век од селото Сошани, каде биле старинци; Џукаровци (2 к.) доселени во исто време со Сошанковци, доселени се од селото Белчишта, таму биле старинци и Малесорци (3 к.), доселени се 1909 година од селото Присовјани, Малесија.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Грко Поле се:
Лукачовци (2 к.), доселени се околу 1870 година од селото Белчишта, каде имаат истоимени роднини, уште подалечно потекло имаат од селото Луково, Дримкол; Крстевци (5 к.), доселени се во 1898 година од селото Долно Средоречие, а таму се доселиле од селото Сошани (затоа ги викаат и Сошанковци) во Сошани припаѓале на родовите Иловци и Андревци; Ристовци (3 к.), доселени се во 1913 година од селото Присовјани, Малесија, каде припаѓале на родот Грковци, ги викаат и Малесорци (по областа Малесија)[2]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Грко Поле, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Грко Поле се наоѓало во некогашната Општина Велмеј, во која влегувале селата Брежани, Велмеј, Грко Поле и Лешани.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1322 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата на селото Лешани.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 384 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[15]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква изградена 1935 година.
- Останати
- Лешанска воденица — воденица во околината на селото прогласена за културно наследство на Македонија[16]
Иселеништво
уредиОд Ристовци иселеници има во Австрија (две семејства, од 1920 година).[2]
Галерија
уреди-
Стара куќа во селото
-
Извор под селото
-
Традиционална архитектура
-
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“, сместена над селото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Русиќ, Бранислав. Дебрца-Грко Поле. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 септември 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
Надворешни врски
уреди- Грко Поле на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Грко Поле на Карти на Гугл