Прдејци
Прдејци — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.
Прдејци | |
Поглед на селото | |
Координати 41°12′32″N 22°30′9″E / 41.20889° СГШ; 22.50250° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Гевгелија |
Област | Бојмија |
Население | 462 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1483 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06022 |
Надм. вис. | 65 м |
Прдејци на општинската карта Атарот на Прдејци во рамките на општината | |
Прдејци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа во областа Бојмија, во источниот дел на територијата на Општина Гевгелија, од десната страна на реката Вардар. Се наоѓа на стариот локален пат кој води од градот Гевгелија до селото Миравци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 65 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено осум километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 18,3 км2. На него обработливото земјиште заземе површина од 568 хектари, на пасиштата отпаѓаат 559 хектари, а на шумите 386 хектари.[2]
Историја
уредиМестото е населено уште од бакарното време, за што сведочи наоѓалиштето Бистерна недалеку од селото.[3]
Во XIX век, Прдејци било село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.
Српските власти го прекрстиле селото во Степаново.[4]
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство
уредиСелото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Прдејци имало 750 жители, од кои 150 Македонци и 600 Турци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прдејци имало 184 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 50 Турци.[8]
Прдејци е средно село по големина, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 500 жители, а во 1994 година 538 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Прдејци имало 514 жители, од кои 510 Македонци, 2 Срби и 2 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 462 жители, од кои 452 Македонци, 5 Турци и 5 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 750 | 184 | 386 | 397 | 500 | 493 | 526 | 536 | 538 | 514 | 462 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Ристо Шуклев“ до V одделение[15], подрачно училиште на ОУ „Ристо Шуклев“ - Негорци.
- Амбуланта
- ЖС „Прдејци“ — железничка станица на линијата Скопје-Гевгелија
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Негорци, во која покрај селото Прдејци се наоѓале и селата Кованец, Негорци, Серменин и Смоквица.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 356 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 399 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[18]
- Црква „Св. Петка” — главна селска црква
- Реки[19]
- Кованска Река — десна притока на Вардар, се влева во нејзе во близина на селото
- Археолошки наоѓалишта[3]
- Бистерна — населба од бакарно и римско време, прогласена за културно наследство на Македонија
- Ветка Црква — сакрален објект од римско време, прогласен за културно наследство на Македонија
- Колник — базилика од старохристијанско време
Култура и спорт
уредиВо селото работи културноуметничкото друштво „Браќа Толеви“, кое активно учествува во повеќе фестивали.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 242. Посетено на 11 јуни 2017.
- ↑ 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 112-113. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Картов, Владимир (1969). Гевгелија и Гевгелискиот крај од Балканските војни до ослбодувањето (1912/13-1944). Гевгелија: Општинско собрание. стр. 96.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јуни 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ООУ „Ристо Шуклев"“. македонски: ОУ „Ристо Шуклев“ - Негорци. Посетено на 6 јули 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.