Врапчиште
Врапчиште — село во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар, во северозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената општина.
Врапчиште | |
Координати 41°50′2″N 20°53′7″E / 41.83389° СГШ; 20.88528° ИГДКоординати: 41°50′2″N 20°53′7″E / 41.83389° СГШ; 20.88528° ИГД | |
Општина | Врапчиште |
Население | 4874 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1238 |
Шифра на КО | 07014 |
Надм. вис. | 538 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 5 километри северно од Гостивар.
ИсторијаУреди
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и било едно од најголемите села во полошката област со 240 христијански семејства, 17 неженети христијани и 2 вдовици христијани.[1]
Во XIX век, Врапчиште било село во Полошката нахија во рамките на Гостиварската каза на Отоманското Царство.
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врапчиште живееле 1.865 жители, од кои 1.300 Турци, 350 Македонци, 165 Албанци и 50 Роми.[2]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Врапчиште е центар на Галтска општина во Горнополошкиот срез и има 394 куќи со 2.120 жители Македонци, Турци, Албанци и Роми.[3]
Врапчиште е најголемо село, коешто во 1961 година имало 3.420 жители, а во 1994 година 5.015 жители, од кои 191 биле Македонци, 1.743 Албанци, 3.072 Турци, 1 Србин и 8 други.
Според последниот попис од 2002, Врапчиште има 4.874 жители и претставува едно од најголемите села во Гостиварско и Полог.[4]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 2.988 |
1953 | 343 | 2.079 | 919 | 5 | — | 3 | — | 19 | 3.368 |
1961 | 289 | 1.023 | 2.096 | — | — | 2 | — | 10 | 3.420 |
1971 | 241 | 2.075 | 1.683 | — | — | 3 | — | 45 | 4.047 |
1981 | 226 | 1.833 | 2.822 | — | — | — | — | 111 | 4.992 |
1994 | 191 | 1.743 | 3.072 | — | — | 1 | — | 8 | 5.015 |
2002 | 172 | 1.777 | 2.899 | — | — | — | — | 26 | 4.874 |
РодовиУреди
Врапчиште е мешано село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Македонски
- Самарџиовци (4 к.) староседелци. Имаат иселеници во Гостивар (таму се викаат Манојлоски) и во Бугарија (седум семејства).
- Таргаџовци (4 к.), Брбушевци (6 к.), Лјчковци (2 к.), Суслаковци (6 к.), Серафилоски (1 к.) и Мишмировци (8 к.) и тие се староседелци.
- Пупевци (2 к.) доселени се однекаде.
- Кљункаровци (2 к.) доселени се од селото Тумчевиште. Основачот на родот се викал Апостол.
Православни Роми
- Стрезоски (3 к.) тие се стар селски род. Зборуваат македонски. Брачни врски одржувале со православните Роми од Тетово, и со Македонците. Последно зеле некоја Македонка од Железна Река. Имаат заеднички гробишта со Македонците. За родот Стрезовци се слуша и името Ефремовци, по некој помлад предок.
Турски
- Чапраз (3 к.) најстар муслимански род во селото. Доселени се одамна од Мала Азија.
- Фис (4 к.) исто како и претходниот род.
- Спахија (30 к.) исто како и претходните родови. Со родот Фис потекнуваат од ист предок.
- Оџалари (8 к.) доселени се од околината на Видин во Бугарија. Подалечно потекло од Турција.
- Кара Батака (32 к.) доселени се од некое место во Бугарија. Подалечно потекло од Мала Азија.
- Врањко (16 к.) доселени се во 1878 година од Врање во Србија. Право потекло од Мала Азија.
- Мула Алил (17 к.) од турско потекло се.
- Вејис (32 к.) доселени се од Дебарско.
- Кара Хасан (11 к.) доселени се од Дебарско.
- Челик (14 к.)од турско потекло се.
- Печелари (8 к.) доселени се од Дебарско.
Албански
- Коколари (22 к.) доселени се од Чаје во Љума, северна Албанија. Овде живеат од XVIII век.
- Аључи (12 к.) доселени се од Церане во Калиса, северна Албанија.
- Љуш (22 к.) доселени се од Чаје во Љума, северна Албанија.
- Лика Јаз (32 к.) доселени се од Чаје или Церане во Љума/Калиса, северна Албанија.
- Оџолари (4 к.) доселени се од некое село во Горна Река.
- Штин (11 к.) доселени се од некое село кај Пешкопеја во северна Албанија.
- Салко (11 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Будин (7 к.) доселени се од некое село кај Пешкопеја во северна Албанија
- Шеховци (7 к.) доселени се од Церане во Калиса, северна Албанија.
- Топал (2 к.) доселени се од селото Беловиште. А таму од северна Албанија.
- Партал (22 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Гоголари (6 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
Муслимански Роми
Општествени установиУреди
- „Пранвера“ — детска градинка;
- ОУ „ВРАПЧИШТЕ“ — основно училиште;
- СУ „Панче Попоски“ — средно училиште;
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постојат избирачките места бр. 455, 455/1, 456, 456/1, 457, 457/1, 458, 458/1, 459 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5.738 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Брца — некропола од доцноантичко време;
- Градиште — населба од доцна антика;
- Тумба — некропола од средниот век;
- Ограда — населба и некропола од доцноантичко време;
- Топлишница — населба и некропола од доцноантичко време;
- Цркви[10]
- Црква „Св. Димитриј“ - изградена е во периодот помеѓу 1912 - 1916 година и се наоѓа во западниот дел на селото. Околу неа се старите гробишта;
- Црква „Св. Илија“ — манастирска црква. Се наоѓа на падините на Шар Планина
- Црква „Св. Петка“ - изградена е во периодот помеѓу 1912 - 1916 година и се наоѓа во западниот дел на селото;
- Црква „Св. Атанасиј“ - изградена е во 1918 година и се наоѓа во западниот дел на селото;
- Џамии
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
- Мохамед Аручи - македонски и турски теолог;
- Кенан Хасипи (р. 1955) - македонски политичар, пратеник и претседател на ДПТМ;
- Јаничие Димитриевиќ (14 септември 1879/1880 - 17 декември 1946) - лекар, пратеник, конзул;
- Меваип Ефенди Сипахи (теолог,муфтија)
- Јусуф Хасани (македонски политичар и пратеник од ДПТМ
- Јусуф Хамзаоглу (професор по историја при УКИМ
- Ќемал Ефенди Аручи (теолог)
Култура и спортУреди
Во 2012 година се одржа проектот"Спортот за заедништво,толеранција и сплотување". Од 1958 година постои фудбалскиот клуб Врапчиште кој во сезоната 2017/18 испадна од третата лига Запад.
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 404
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 213.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.