Новоселани (Прилепско)

село во Општина Долнени

Новоселани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Новоселани

Поглед на Новоселани

Новоселани во рамките на Македонија
Новоселани
Местоположба на Новоселани во Македонија
Новоселани на карта

Карта

Координати 41°24′14″N 21°26′0″E / 41.40389° СГШ; 21.43333° ИГД / 41.40389; 21.43333
Регион  Пелагониски
Општина  Долнени
Област Прилепско Поле
Население 94 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7504
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20073
Надм. вис. 620 м
Новоселани на општинската карта

Атарот на Новоселани во рамките на општината
Новоселани на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Патот кој води до селото

Новоселани се наоѓа во средишниот дел на Прилепското Поле, непосредно покрај патот Прилеп-Македонски Брод. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 620 м. Неговиот ата зафаќа површина од околу 8,5 км2. Од Прилеп е оддалечено 14 км во северозападен правец.[2]

Селото е составено од Горно и Долно Маало. Месности во повисоките делови од селскиот атар се: Лозја, Рид, Чешма и Осојница; а во полето: Горно Поле, Браненица, Корија, Ливади, Делови, Коњарско, Жолтица и Криви Слогови.[3]

Историја

уреди

Според Турскиот пописен дефтер за Велешката каза од 1568/69 година, за селото е запишано дека припаѓа на градот Прилеп и дека е чифлиг на силахдарот Шуџа, спахијата Хасан, на уште еден Хасан, Али Караѓоз, Ибрахим Мустафа, Каплан, синот на Хасан и спахиски син.[3]

Од името може да се заклучи дека денешното село е ново и тоа било основано некаде на почетокот на XIX век. Во времето на основањето, на местото се населиле предците на денешните родови: Вајгаловци, Шиклевци и други. По неговото основање, во селото биле создадени неколку чифлизи. Во текот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. На почетокот од XX век, како сопственици на чифлизите се јавувале: Алил, Јусуф, Зубер, Мурат, Осман Лопатарски, Шериф, Глауч и Исмаил. Мурат живеел во Дебар, а другите во Прилеп. Во тоа време, само една четвртина од атарот била во сопственост на селаните. Во 1913 година, селаните откупиле дел од чифлизите, а останатите делови ги добиле подоцна по спроведувањето на земјоделската реформа.[3]

Стопанство

уреди

Селото има полјоделска функција. Во неговиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 609 ха, додека пасиштата се на површина од 2013 ха.[2]

Во минатото, селото остварувало приход од 2.700 акчиња, а тој бил главно остваруван од: шира, пченица, мешано жито, испенџе, ушур од лен, данок за свињи, хаса за ливада и др.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948283—    
1953320+13.1%
1961361+12.8%
1971328−9.1%
1981263−19.8%
ГодинаНас.±%
1991171−35.0%
1994145−15.2%
2002111−23.4%
202194−15.3%

Во пописните дефтери од 1467/68 година Новоселани било христијанско село коешто припаѓало на Прилепската нахија. Тогаш имало 15 христијански семејства и 1 неженет; во 1481/82 година имало 23 семејства; во 1544/45 година имало 20 семејства и 3 неженети; а во 1568/69 година имало 5 семејства и 3 неженети, како и 2 муслимански семејства.[3]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Новоселени било село со 30 домаќинства и 140 жители Македонци.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новоселани имало 202 жители Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Новоселјани било село со 240 жители Македонци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Новоселани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото Новоселани живеат 111 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 94 жители, од кои 87 Македонци и 7 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 202 240 283 320 361 328 263 171 145 111 94
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

уреди

Новоселани е македонско село.

Родови во селото се: Вајгаловци (12 к.) основачи на селото, доселени се од соседното раселено село Малешево, го знаат следното родословие: Ѓурчин (жив на 40 г. во 1950-тите) Илија-Цветко-Цветан-Јовче, основачот на родот кој се доселил; Шиклевци (5 к.) изгледа имаат исто потекло како и Вајгаловци; Амбулевци (2 к.) потекнуваат од домазет, кој дошол од селото Средорек, домазетот влегол во родот Шиклевци; Ќофтевци (3 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Долнени; Кривогавци (4 к.) доселени се во турско време од Кривогаштани; Кокаревци (5 к.) доселени се во 1913 година од Кутлешево, пред тоа живееле во Бело Поле и Средорек; Грујовци (2 к.) доселени се во 1909 година од селото Браилово; Вељановци (4 к.) доселени се од Сенокос, каде имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од Мариово; Баловци (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Кутлешево, и таму биле однекаде доселени.[15]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1466 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на поранешното основно училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 91 гласач.[17]

Културни знаменитости

уреди
 
Црквата „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]


Иселеништво

уреди

Од селото е познато дека се иселиле следните родови: Клаповци се иселиле во Средорек; неколку семејства на Шиклевци се иселиле во Прилеп; неколку семејства на Грујовци се иселиле исто така во Прилеп, а едно во Браилово; и многу семејства од Велјановци се иселени во Прилеп.[3]

Личности

уреди
Родени во Новоселани

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 212.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Новоселани“. OldPrilep. 2 февруари 2014.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 74-75.
  5. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 245.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 јули 2020.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
  16. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 17 јули 2020.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди