Будимирци
Будимирци — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.
Будимирци | |
![]() Поглед на селото | |
Координати 41°3′24″N 21°43′50″E / 41.05667° СГШ; 21.73056° ИГДКоординати: 41°3′24″N 21°43′50″E / 41.05667° СГШ; 21.73056° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Мариово |
Население | 30[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 7000 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02014 |
Надм. вис. | 857 м |
Слава | Петковден |
![]() |
Селото поседува зачувана препознатлива архитектура на селските куќи.[3]
Потекло и значење на иметоУреди
Првпат името на селото било запишано како Големо и Мало Будимирци (ретко и Лениште) во турски документи во XVI век. Името веројатно доаѓа од личното име Будимер или Будимир.[4]
Будимир прв се населил во месноста и селото го добило неговото име. Името Будимир, составено од буди и мир, веројатно значи „будење во мир“ или да се „биде во мир“.[3]
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, од десната страна на Црна Река, чиј атар високо се издига до сртот на планината Ниџе, каде што на тесен дел се допира со државната граница со Грција. Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Новаци.[5] Селото е планинско, на надморска височина од 800 метри. Лежи непосредно до локален макадамски пат, кој се издвојува од регионалниот пат 1311. Од градот Битола е оддалечено 63 километри,[5] додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 38 километри.
Реките Трновчица и Бела Река се сметаат за значајно геонаследство од сферата на хидрологијата.[6]
ИсторијаУреди
Во Будимирци се имаат преселено жители од некогашните соседни села Трново, Лешница и Леништа кои наполно се исчезнати.[3]
СтопанствоУреди
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 40,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.926,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.903,3 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 737,8 хектари.[5]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[5]
НаселениеУреди
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Демографски статистики за селото Будимирци од османлискиот период:[7]
Османлиски дефтери | Домаќинства | Неженети | Вдовици | Годишен приход |
---|---|---|---|---|
Дефтер бр. 4 од 1476/77 г. | 24 | 2 | 2 | 1361 |
Дефтер бр. 16 од 1481/82 г. | 33 | 969 | ||
Дефтер бр. 73 од 1519 г. | 63 | 12 | 2 | 3020 |
Дефтер бр. 149 од 1528/29 г. | 56 | 9 | 3253 | |
Дефтер бр. 232 од 1544/45 г. | 68 | 7 | 1 | 2253 |
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Будимирци имало 618 жители, од кои 500 Македонци, 110 Власи и 8 Роми.[8] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Будимирци имало 480 Македонци, патријаршисти.[9]
Селото е зафатено со значителна депопулација и деаграризација, бидејќи од него се иселило грото од населението. Така, во 1961 година селото броело 521 жител, а во 1994 година бројот се намалил само на 42 жители, македонско население.[5]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Будимирци живееле 30 жители, сите Македонци.[1]
Во 2008 година, според неофицијални податоци, селото имало 28 жители.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 618 | 480 | 530 | 520 | 521 | 396 | 188 | 85 | 42 | 30 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
ИселеништвоУреди
Најголем дел од населението се иселило во градовите Битола, Скопје и Прилеп, како и во прекуокеанските земји и Европа. Бројот на иселеници од селото изнесува над 500 лица.[3]
Самоуправа и политикаУреди
Во XIX век, Будимирци било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово.
Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Старавина, во која покрај селото Будимирци, се наоѓале и селата Градешница, Груништа, Зовиќ и Старавина.
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 0177 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект на општината. Во ова избирачко место е опфатено и селото Груништа.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви[3]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Димитриј“ — манастирска црква.
- Манастири[3]
- Трновски манастир — манастир во некогашното село Трново по кое го носи и своето име.[17]
- Реки[18]
Редовни настаниУреди
- Слави
- Петковден (27 октомври) — селска слава
ЛичностиУреди
- Родени во или по потекло од Будимирци
- Петко Шипинкаровски (р. 1946) — писател и правник
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 ноември 2021.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2021-11-07.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 79. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 42. Посетено на 7 ноември 2021.
- ↑ Група автори (2016). „Акциски мерки за заштита на природата од областа на хидрологија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 260. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ „Будимирци (Budimirci) - Битолско Мариово“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2014-03-02. Посетено на 26 февруари 2014.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Посетено на 7 ноември 2021.
- ↑ Александар Матески, „Градешница и Будимирци“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 106-107.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 15. ISBN 978-9989-2117-6-8.
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
- Будимирци на Ризницата ?
- Село Будимирци, Мариово