Бозовце
Бозовце (албански: Bozofci или Bozovcë) — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово. Бозовце е село од збиен вид, со тесни и стрмни улички.[2]
Бозовце | |
Бозовце во 2023 година | |
Координати 42°3′11″N 20°49′41″E / 42.05306° СГШ; 20.82806° ИГД | |
Општина | Тетово |
Население | 174 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28004, 28504 |
Бозовце на општинската карта Атарот на Бозовце во рамките на општината | |
Бозовце на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиБозовце е сместено во долината Лешница на Шар Планина. Бозовце и неговиот атар се наоѓаат на западниот раб на Општина Тетово. На исток граничи со селото Вешала и неговиот атар. Растојанието помеѓу Бозовце и Вешала е 2 км по пат. На југ граничи со Општина Боговиње, поточно со атарите на селата Јеловјане, Урвич и Ново Село. На запад граничи со Република Косово.
Историја
уредиСтопанство
уредиАтарот е мошне голем и зафаќа простор од 56,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 3.559,4 ха, шумите заземаат површина од 1.123,5 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 506,8 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.[3]
Согласно 2022 година, Бозовце има места кои нудат угостителски услуги со традиционално подготвена храна.[4] Селото има продавница, согласно 2020 година.[5]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
На крајот од XIX век Бозовце е албанско село во Тетовската каза на Османлиското Царство. Според статистикате од 1900 г. „Бозовци“ е село, неселено од 330 жители Арнаути муслимани.[6]
Според статистиките од 1929 година, селото споменато како Бозовец припаѓало во Селечката општина со средиште во Шипковица и има 73 куќи со 472 жители Албанци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.[8]
Во 1961 година селото броело 837 жители, од кои 754 биле Албанци и 64 жители Турци, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 1.012 жители, од кои 998 се Албанци и четири жители Турци.
Според пописот од 2002 година селото има 924 жители, од кои 1 Македонец, 921 Албанец и 2 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 174 жители, од кои 137 Албанци, 1 останат и 36 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 330 | — | 695 | 759 | 837 | 1.092 | 1.053 | 0 | 1.012 | 924 | 174 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови:
уредиКако најстари албански родови во селото Бозовце се споменуваат двата рода: Алиалар (25 куќи) и Укалар (25 куќи). По потекло се од Љума (во денешна северна Албанија), а овде живеат од почетокот на XIX век.[15]
Бозовце е албанско село по народност.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Доселеници: Алилар (25 к.), Укалар (25 к.) доселени се од Љусна во денешна северна Албанија; Чајан (11 к.) доселени се од Љума во северна Албанија; Велки (16 к.) доселени се од селото Топојане во Љума, северна Албанија; Стрезњан (12 к.) доселени се од местото Стреза во Малесија, северна Албанија; Одалар (7 к.) доселени се од местото Орѓуше во северна Албанија; Фанци (9 к.) доселени се од Фанде во северна Албанија, таму биле католици, и имаат роднини, католици; Брајче (10 к.) доселени се од Малесија во северна Албанија.[16]
Општествени установи
уреди- ПОУ „Беса“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение[5][17]
- Амбуланта[5]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2085 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 957 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
уреди- Природни облици
На два километра од селото се наоѓаат познатите Шарпланински езера Голем, Мал и Црн Ѓол.
- Лешница - долина во која е сместено селото
- Бозовачко Eзеро - ледничко езеро југозападно-западно од Бозовце
- Пена - месно нарекувана Бозовска Река, река која тече низ Лешница и Бозовце
- Лешничка Река - притока на Пена
- Кривошијска Река - притока на Пена
- Кривошијски Водопад - водопад во горното течение на Кривошијска Река
- Кривошијско Езеро - ледничко езеро југозападно од Бозовце
- Храмови
- Археолошки наоѓалишта
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Фадиљ Сулејмани (р. 1940), политичар и пратеник
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиГалерија
уреди-
Бозовце гледано од север
-
Сретсело
-
Влезот на селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „с. Бозовце – Долна Лешница – Кривошијски Водопад“. turnimedakinisam.mk. Архивирано од изворникот 2023-07-28. Посетено на 28 јули 2023.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 33.
- ↑ „Бозовце: Нова гастро дестинација“. kajak.mk. 31 декември 2022. Архивирано од изворникот 2022-11-02. Посетено на 28 јули 2023.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Бозовце: Заборавено од локалните власти, селото забрзано се празни“. meta.mk. 13 март 2020. Архивирано од изворникот 2020-03-30. Посетено на 28 јули 2023.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 24.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2008-06-22.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 11 стр.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ Сенад Зилбехари (5 март 2023). „ОУ „Беса" се преместува во Мала Речица – во Вешала и Бозовце порано имаше 400 ученици, сега има само 25“. tv21.tv. Архивирано од изворникот 2023-03-07. Посетено на 28 јули 2023.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069