Фариш
Фариш или Вариш[2] — село во областа Раец, во Општина Кавадарци, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.
Фариш | |
Поглед на селото Фариш | |
Координати 41°27′13″N 21°48′02″E / 41.45361° СГШ; 21.80056° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Раец |
Население | 9 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1423 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11043 |
Надм. вис. | 415 м |
Фариш на општинската карта Атарот на Фариш во рамките на општината | |
Фариш на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиФариш се наоѓа во крајниот северозападен дел на Општина Кавадарци, од левата страна на реката Раец. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 415 м. Од градот Кавадарци е оддалечено 22 км. Неговиот атар зафаќа површина од 16,2 км2.[3] Селото располага со изобилие на водни ресурси. Се состои од четири маала: Горно, Крстевско, Долно и Ракатско Маало.
Историја
уредиСелото е основано во XIX век, кога жителите на Вариш Дервен се раселени под притисок од страна на Албанците.
Во XIX век, Фариш било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[4]
Стопанство
уредиСелото има полјоделско-сточарска функција. Во неговиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 946 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 278 ха, а на шумите отпаѓаат 186 ха.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Фариш живееле 500 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 416 жители.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Од Фариш се иселил значителен број од населението и селото преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото броело 253 жители, а во 1994 година 41 жител, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 23 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 7 Македонци, 1 Србин и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 500 | 416 | 280 | 266 | 253 | 166 | 134 | 54 | 41 | 23 | 9 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиФариш е македонско село.
Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, во селото биле застапени следниве родови:
- Староседелци: Јосифовци (1 куќа), Басаровци (2 куќа), Опеловци (66 куќи), Мекевци (4 куќи), Матовци (3 куќи), Бадовци (4 куќи), Крстевци (6 куќи), Галевци (2 куќи), Мркевци (1 куќа) и Јанковци (5 куќи).
- Доселеници: Ракачани (4 куќи) доселени се од селото Ракле во средината на XIX век, Дановци (5 куќи) доселени се од некое село во Дебарско во средината на XIX век (некои сметаат дека се мијаци), Ѓошевци (1 к\уќа) доселени се од блиското село Житолуп, Терзијовци (2 куќи) доселени се од велешкото село Степанци, Цветковци (1 куќа) потекнуваат од домазет Цветко кој дошол од селото Мрамор.[13]
Иселеништво
уредиВо текот на 1970-тите и 1980-тите години, од селото е забележано масовно иселување кон поголемите градови, главно Кавадарци и Прилеп.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кавадарци од 1955 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Тиквешката околија; а во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Дреново.
Избирачко место
уредиВо селото се наоѓа избирачкото место бр. 697 кое е сместено во кулата.[14]
Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[16]
- Дабица — некропола од римско време;
- Св. Богородица — осамен наод од римско време;
- Селиште — населба од доцноантичко време; и
- Стража — утврдена населба од доцноантичко време.
- Цркви
- Црква „Св. Богородица“ — главна селска црква изградена најдоцна во 1873 година.[17]
- Реки
- Раец;[18] и
- Фаришка Река.
Галерија
уреди-
Сретселото
-
Куќи во селото
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 104-105.
- ↑ 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 308.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 648 и 885.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јуни 2019.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец.
- ↑ „Изборна единица 4: Општина Кавадарци“ (PDF). Посетено на 7 јуни 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019 (Втор круг)“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 7 јуни 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
- ↑ Д., Т.. „Раскошот и пустошот на црквата „Св. Богородица“ во село Фариш, Кавадаречко“. Портал Пелагон. 17 август 2018.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 59. ISBN 978-9989-2117-6-8.