Псача

село во Општина Ранковце

Псача — село во Општина Ранковце во околината на Крива Паланка во североисточна Македонија. Селото е сместено во областа Славиште. Најпознато е по значајниот средновековен Псачки манастир, кој е сместен над селото во дабова шума.

Псача

Поглед на селото Псача

Псача во рамките на Македонија
Псача
Местоположба на Псача во Македонија
Псача на карта

Карта

Координати 42°9′59″N 22°12′11″E / 42.16639° СГШ; 22.20306° ИГД / 42.16639; 22.20306
Регион  Североисточен
Општина  Ранковце
Население 438 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1332
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15044
Надм. вис. 563 м
Псача на општинската карта

Атарот на Псача во рамките на општината
Псача на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото Псача се наоѓа на левиот брег на Крива Река, во северното подножје на Осоговските Планини. Атарот зафаќа површина од 12,4 км2 и има околу 500 жители. Сместено е на јужниот раб на котлината и етнографската област Славиште, Кривопаланечко. Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 8 километри.

Селото е сместено во крајниот јужен дел во Општина Ранковце, на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат од Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница.

По својот тип спаѓа во групата на ридско-планински села и најголем дел од куќите се сместени околу магистралниот пат, но има и маала од разбиен тип расфрлени околу селото на поголема далечина.

Историја

уреди

Пред крајот на XIX век, Псача е големо македонско село под ропство од Турците. Според официјални статистики од 1900 г. Псача — село во Крива Паланка со околу илјада жители православни Македонци.

По Првата светска војна, Псача била под Кривопаланечката општина и во селото имало 1.020 жители.

Потекло и значење на името

уреди
 
Портрет на кнезот Пасхач на фреска во црквата „Св. Никола“, по кого најверојатно селото го добило името Псача

Името на селото Псача најверојатно доаѓа и потекнува од името на кнезот Пасхач или Паскач , кој заедно со својот син - севастократот Влатко, во повелба од 1358 година се запишани и јавуваат како ктитори на старата манастирска црква „Свети Никола“, која што и денес постои над самото село, како дел од Псачкиот манастир. Од името на кнезот Пасхач, кое доаѓа од името на хебрејскиот збор и празник Пасха кој во денешно време во рускиот јазик се користи за празникот Велигден, со текот на времето името на селото најверојатно се изменило од Пасхача во денешниот облик Псача.

Стопанство

уреди

На основа на составот на атарот, селото во основа има полјоделско-шумарска функција. Главното занимање на населението е земјоделството, иако голем дел од населението работи во градот Крива Паланка или пак во локалните претпријатија.[2]

Воедно, во селото постојат и современи стопански објекти поради што се смета за најиндустријализиран дел од општината, како што се: погонот за производство на печурки „Бонум“ и живинарска фарма. Покрај тоа, планирана е и изградба на технолошка и индустриска развојна зона од страна на Владата на Македонија. Исто така, во селото има две продавници и еден ресторан, како и сервис за автомобили.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.305—    
19531.385+6.1%
19611.253−9.5%
1971902−28.0%
1981692−23.3%
ГодинаНас.±%
1991557−19.5%
1994538−3.4%
2002539+0.2%
2021438−18.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Псача живееле 1.030 жители, од кои 1.000 Македонци и 30 Роми.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Псача имало 896 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.200 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото има 539 жители, од кои 538 Македонци и 1 останат.[6] Во однос на верското изјаснување, во селото освен мнозинското православно население, живееле и тројца муслимани и еден од останатите религии.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 438 жители, од кои 358 Македонци, 1 Ром, 2 Срби, 1 останат и 76 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.030 896 1.305 1.385 1.253 902 692 557 538 539 438
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Псача е македонско село.

Родови во селото се:

Најголемо е Ѓоринско маало со околу 60 к., во него се родовите Ѓоринци, Угриновци, Подржикоњци, Којкарци, и др. Во Ранчовско маало има околу 30 к., во Дамјанско маало има околу 23 к., во Богдановско маало има 14 к., во Радевско маало има 11 к., во Чифлачко маало има 9 к., во Чавдарско маало има 5 к..

Чавдарско маало се наоѓа во горниот дел од селото, таму се родовите Пуповци и Којкаровци, по преданието тие се единствените староседелци во селото. Останатите родови се доселени кон крајот на XVIII и во текот на XIX век. Скоро за сите доселенички родови не се знае од каде се доселени, единствено се знае за родовите Ѓоринци (10 к.) дека се доселени од селото Црешево кај Ќустендил (денес во Бугарија) и го знаат следното родословие: Јордан (жив на 53 год во 1973 година) Савко-Јаќим-Младен-Илија, се доселил неговиот татко. Родот Угриновци е доселен од селото Огут, и родот Подржикоњци (5 к.) доселени се од селото Подржи Коњ.[12]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Ранќевци (Голбовци, Пуќковци, Баба Анчинци, Чаќинци, Теќерлекови, Ѓерчековци, Баба Назинци, Баба Петринци, Баба Тодоринци, Маријанци и Деда-Тодоровци) (18 к.), Ќепаци (Велковци, Врбичарци или Драгомци, Чурковци или Чурилци и Воловарци) (8 к.), Богдановци (Чавдаровци, Козата, Баба Маријини) (8 куќи), Думбалци (4 куќи), Дамјанци (6 к.), Стамболијци (2 к.), Којкаровци (2 к.) и Диманинци (4 к.)
  • Со непознато потекло: Качаровци и Македонац (3 к.), Црнинци (2 к.), Гусарци (1 к.), Дерменци (1 к.), Мулавеза (1 к.), Мерџанци (6 к.), Крџалијци (1 к.), Миленковци (6 к.), Брејанци (1 к.), Радевци (6 к.), Цванциковци (3 к.), Булци (3 к.), Здравковци (2 к.) и Ѓорчинци (6 к.)
  • Доселеници: Тупанарци (18 к.) доселени се околу 1795 година од селото Црешнево кај Ќустендил во Бугарија; Угриновци или Ѕулбинци (11 к.) доселени се околу 1824 година од селото Огут во Горна Пчиња; Чанкинци (3 к.) доселени се околу 1845 година од селото Орах кај Куманово; Белоковци (4 к.) доселени се околу 1855 година од селото Милутинце; Кудељичкинци (3 к.) доселени се од Трговиште во Горна Пчиња во Србија; Лучани (5 к.) доселени се од селото Луке; Маѓерци (1 к.) доселени се од селото Петралица околу 1865 година; Памуковци (1 к.) доселени се од селото Длабочица; Копиљак (1 к.) доселени се од селото Подржи Коњ; Доксанци (1 к.) доселени се од селото Петралица; Бубарци (2 к.) доселени се од селото Конопница; Врањци или Вранче (1 к.) доселени се од селото Сурлица во Горна Пчиња (денес во Србија); Топузовци или Топузлији (1 к.) доселени се пред 1880 година од селото Ранковци; Цекарци или Цековци (1 к.) доселени се пред 1885 година од селото Мождивњак; Поповци (3 к.) доселени се околу 1890 година од селото Одрено; Мемеделци (1 к.) доселени се од селото Добровница; Кортоплјеци (2 к.) доселени се во 1894 година од селото Ветуница; Пешинци (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Мождивњак; Деда Петковци (2 к.) доселени се од селото Добровница; Чивлачи (2 к.) доселени се во 1906 година од селото Добровница; Габрански (1 к.) доселени се во 1940 година од селото Габар.[13]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било во рамките на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на некогашната општина Длабочица, во која се наоѓале и селата Баштево, Борово, Длабочица, Мождивњак и Тламинци. Самата Општина Длабочица била дел од Кривопаланечката околија. Во периодот 1950-1952 година, селото претставувало општинско седиште на некогашната Општина Псача, која влегувала во поголемата Кривопаланечка околија.

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[14]
Манастири
  • Псачки манастир — значаен средновековен манастир и заштитен споменик на културата
Археолошки наоѓалишта[15]
Реки

Личности

уреди

Родени во Псача:

Починати во Псача:

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина и општествените аспекти од изградба на државен пат А2 делница Крива Паланка - Ранковце“ (PDF). ДИВИ Македонија и Геинг Кребс унд Кифер. Скопје: Агенција за државни патишта на Македонија. март 2015. Посетено на 4 февруари 2016.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, с. 225.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. стр. 336-337-338-339-340.
  13. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 201. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

уреди