Вратница

село во Општина Јегуновце, Тетовско
Оваа статија се однесува на селото Вратница. За истоимената поранешна општина, видете Општина Вратница


Вратница — село во Општина Јегуновце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Вратница
Vratnica pogled.JPG

Панорамски поглед на селото Вратница

Вратница is located in Македонија
Вратница
Местоположба на Вратница во Македонија
Координати 42°08′26″N 21°06′51″E / 42.14056° N; 21.11417° E / 42.14056; 21.11417Координати: 42°08′26″N 21°06′51″E / 42.14056° N; 21.11417° E / 42.14056; 21.11417
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки
Општина Coat of arms of Jegunovce Municipality.svg Јегуновце
Население 505[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1225
Повик. бр. 044
Надм. вис. 700-760 м
Мреж. место Вратница
Вратница на општинската карта
Вратница во Општина Јегуновце.svg

Атарот на Вратница во рамките на општината
Commons-logo.svg Вратница на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

 
Реката Ракита крај селото Вратница

Вратница е сместена во областа Полог (Долен Полог), во подножјето на планинскиот врв Љуботен (2.498 м на Шар Планина). Надморската височина се движи од 700-760 м. Во близина на селото се наоѓа и реката Ракита (Раќита), која се влива во Вардар

Селото се наоѓа на магистралниот пат кој води од градот Тетово до граничниот премин Јажинце на македонско-косовската[2] граница. Од градот Тетово е оддалечено 22 километри и е на само 5 километри од Јажинце.

Порано, селото претставувало општинско средиште на истоимената општина, во која влегувале и селата Јажинце, Рогачево, Старо Село, Беловиште и Орашје, додека денес селото е дел од проширената Општина Јегуновце.

ИсторијаУреди

Се верува дека некогашното село Моравце, сместено околу 800 метри северозападно, е претходник на денешното современо село Вратница. Поради притисокот на османлиските власти, жителите на Моравце биле приморани да побараат посигурна област за населбата. Првично се населиле во денешно Косово, но на крајот повторно биле приморани да се вратат назад. По нивното враќање го создале денешното село Вратница, заедно со потомците на првичните иселеници.

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Тетовската нахија (Нихије-и Калканделен) и имало 66 семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[3]

Понова историјаУреди

 
Преглед на жариштата во воениот конфликт

Вратница била цел на идејата за Голема Албанија, откога била објавена со Призренската лига во 1878 година. Во текот на Втората светска војна, Вратница на кратко се нашла во територијата на Голема Албанија, создадена од балистите.

За време на воениот конфликт во Македонија во текот на 2001 година, Вратница била цел на постојани напади и дел од воените борби кои се случиле во текот на конфликтот.

Во текот на постконфликтниот период, селото се нашло под удар на албанските вандали и терористи, кога заедно со селата Старо Село, Беловиште и Рогачево, биле под практична опсада од членови на т.н. Ослободителната Народна Армија. Вратница, како и останатите села, со недели поминала без храна, вода, лекови и медицинска помош. Албанските терористи биле сместени во блиското село Одри, од каде објавиле ултиматум упатен до македонското население за напуштање на своите домови.

НаселениеУреди

Вратница била првпат запишано во османлиските дефтери во XV век. Во првите дефтери, населението изнесувало 59 семејства. Селото било под влијание на миграциски движење во текот на XX век, кога голем број на жители се иселувале во САД.

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Вратница живееле 780 жители, сите Македонци.[4]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Вратница имало 880 Македонци, патријаршисти.[5]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било центар на општина и имало 131 куќа и 1.131 жител, сите Македонци.[6]

Во 1914 година, вкупното население изнесувало 1131 со 131 куќа; во 1948 година, имало 1299 жители и 197 куќи; во 1953 имало 1387 жители и 214 куќи; во 1961, бројот на жители изнесувал 1384 и 227 куќи; во 1968 имало 1240 жители и 225 куќи, а во 1971 година 1082 жители и 266 куќи.

Како и во другите села во Македонија така и во Вратница поради миграциските движења село-град, бројот на жителите се намалил од 1384 жители во 1961 година на 572 жители денес. Во 1994 година селото броело 572 жители, од кои Македонци 522 жители, Срби 33 жители и 17 жители изјаснети како „други“. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 505 жители. Следува табела на националната структура на населението[7]

Народност Вкупно
Македонци 482
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 20
Бошњаци 0
останати 3

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.299
1953 1.103 272 ... 12 1.387
1961 1.371 1 ... ... 8 ... 4 1.384
1971 1.521 2 ... 35 ... 20 1.578
1981 1.629 22 ... 37 1.688
1991 1.678 72 86 1.836
1994 522 33 17 572
2002 482 20 3 505

РодовиУреди

Вратница е македонско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Костанаќевци (26 к.) живееле во раселеното село Моравци. Кога се распаднало тоа село преминале некаде во Косово (мислат во Коачовци?). Потоа се вратиле во Вратница каде го основале денешното село со останатите староседелски родови. Некои предци од овој род по професија биле ковачи. Имаат иселеници во Ратае (како домазет), Рогачево (како домазет) и во Канада (едно семејство); Степановци (22 к.) живееле во раселеното село Моравци. И они по распадот на старото село преминале некаде во Косово и Горна Морава, па потоа се вратиле назад. Они ги дале првите печалбари за Америка. Имаат иселеници во Јанчиште (Анто и Стојче); Папунџини (11 к.) живееле во раселеното село Моравци. Го знаат следното родословие: Ристо (жив на 72 г. во 1948 година) Димо-Јанко-Анѓеле-Брајко-?. Се верува дека дедото на Брајко бил папуџија. При враќањето во селото, некое време се задржале во селото Копачин Дол, таму еден од браќата се оженил и останал. А другите дошле и го основале селото Вратница. Еден далечен предок од овој род (Јанко) имал 800 овци и 40 коњи. На лето тој времето го поминувал во бачилото на Шар Планина (во месноста Ливадица). На зимо одел во Солун. Еднаш во летниот период завладеал силен ветар, по што цела стока му изумрела. Имаат иселеници во Америка (едно семејство); Крагуљевци (9 к.) гранка се од родот Папунџини. Името го добиле по некој предок Крагуљ. Имаат иселеници во Тетово (две семејства); Машкоќевци (16 к.) живееле во раселеното село Моравци. По пропаста на старото село најпрво се иселиле во селото Камена Глава кај Гнилане во Косово. Но потоа се вратиле во селото. Имаат иселеници во Јегуновце ( Машкоќевци) и во Јанчиште; Дабоќевци (7 к.) живееле во раселеното село Моравци. Имаат иселеници во Бугарија (две семејства) и во Војводина (едно семејство); Василевци (10 к.) живееле во раселеното село Моравци. Имаат иселеници во Подбреѓе (Јовчевци); Коеќевци (24 к.) живееле во раселеното село Моравци. По распадот на старото село се населиле во селото Врбан кај Гнилане во Косово, но потоа се вратиле назад. Имаат иселеници во Тетово (две семејства), Скопје (едно семејство), Белград (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство). Од овој род потекнувал универзитетскиот професор од Бугарија, Михаил Арнаудов. Неговиот татко бил роден во Вратница; Мојсиќевци (7 к.) живееле во раселеното село Моравци. Имаат иселеници во Шемшево; Станисавлевци (6 к.) живееле во раселеното село Моравци. Се сметаат за основачи на денешното село. Имаат иселеници во Ратае (Станисавлевци); Тодоровци (8 к.). живееле во раселеното село Моравци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Белград (едно семејство).
  • Доселеници: Длабочанци (8 к.) доселени се од денес албанското село Длабочица кај Качаник (Косово), од таму се доселиле двајца браќа Велко и Ѓуро. Во селото Длабочица се потурчила сестрата на браќата. Па тие потоа ја убиле нивната сестра. И плашејќи се од крвна одмазда избегале. Го знаат следното родословие: Бојо (жив на 73 г. во 1948 година) Мишо-Петре-Ѓуро, кој се доселил во селото; Шишковци (18 к.) потекнуваат од предок кој се доселил од областа Љума во северна Албанија. Основачот на родот овде бил слуга кај родот Степановци. Кај нив се оженил со крива девојка, го примил едниот дел од нивниот имот и така останал; Мажиќевци (3 к.) доселени се од денес албанското село Орашје. Таму живееле три браќа, од кои едниот останал во селото и си ја променил верата и поалбанчил, вториот отишол во селото Старо Село (Краговци), а третиот дошол во селото Вратница; Пејовци (5 к.) доселени се од денес албанското село Нераште. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Белград (едно семејство) и во Канада (едно семејство); Даноќевци (8 к.) некои мислат дека се доселени се од некое денес албанско село кај Качаник; Доброќевци (3 к.) некои мислат дека се доселени се од некое денес албанско село кај Качаник; Голомевци (7 к.) доселени се однекаде; Ивановци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Рогачево; Станимир (1 к.) дошол од селото Горно Село, Средска во Косово.[9]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Селото се наоѓа во рамките на проширената Општина Јегуновце, која во денешните граници настанала по донесувањето на новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Претходно, селото претставувало општинско седиште на поранешната Општина Вратница, кон која припаѓале селата Јажинце, Рогачево, Старо Село, Беловиште и Орашје.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово, додека во периодот по војната од 1955 до 1962 година селото се наоѓа во некогашната општина Теарце, која припаѓала на Тетовската околија.

Во периодот 1952-1955, селото исто така било седиште на тогашната општина Вратница, во која покрај Вратница се наоѓале и селата Беловиште, Јажинце, Нераште, Одри, Орашје, Првце, Рогачево и Старо Село. Самата Општина Вратница била дел од Тетовската околија. Општината Вратница постоела и во периодот 1950-1952 година.

Изборно местоУреди

Во селото постојат изборните места бр. 2128 и 2129 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница и основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 564 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Црквата „Св. Константин и Елена“ во близина на Вратничкото Езеро
 
Гробјанската црква „Св. Архангел Михаил“
Цркви
Археолошки наоѓалишта
Реки
Езера
Месност

Редовни настаниУреди

Во Вратница постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

Вратница е наделеку позната како место кое има многу иселеници. Вратничани може да се сретнат во многу западноевропски земји, но најмногу ги има во САД, поточно во околината на градот Детроит (државата Мичиген). Во 1980-тите години имало над 200 домаќинства со жители од Вратница во областа на Детроит.

Најголем дел од миграциите од селото се случиле по Првата светска војна, кога најголем дел од иселениците биле економски мигранти. По 1924 година, кога се наметнале одредени квоти за иселеници од Источна Европа, многумина Вратничани се одлучиле за иселување во Канада.

Уште еден голем бран на иселување се случил за времето на првите години од Југославија.

НаводиУреди

  1. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  2. Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.348
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
  6. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  9. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. Алексова Б., 1959, 217; Трифуноски Ј., 1976
  13. „Vratnica: History of a Unique Macedonian Village“ (англиски). September 14, 2006. Посетено на 2012-09-05. На |first= му недостасува |last= (help)
  14. „Рег. згф. пр 18/2002 година,“ (PDF). Службен весник на Македонија. Посетено на 2010-02-01.

Надворешни врскиУреди