Љубодраг

село во Општина Куманово

Љубодраг — село во Општина Куманово.

Љубодраг
Љубодраг во рамките на Македонија
Љубодраг
Местоположба на Љубодраг во Македонија
Љубодраг на карта

Карта

Координати 42°07′05″N 21°39′40″E / 42.11806° СГШ; 21.66111° ИГД / 42.11806; 21.66111
Регион  Североисточен
Општина  Куманово
Област Жеглигово
Население 718 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1327
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17059
Надм. вис. 450 м
Љубодраг на општинската карта

Атарот на Љубодраг во рамките на општината
Љубодраг на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Жеглигово, на околу 4 км југозападно од Куманово. Крај него минува регионалниот пат Р104 кој е второстепен правец од Куманово за Скопје. По овој пат селото е поврзано со Черкези на 1 км на североисток и Ново Село на 2 км на југозапад. Лежи на надморска височина од 450 м, а атарот зафаќа површина од 5,4 км2.[2]

Историја

уреди

Стопанство

уреди

Љубодраг е рамничарско село, со исклучиво полјоделско стопанство. Според податок од 1998 г. располага со 487 ха обработливо земјиште.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948413—    
1953423+2.4%
1961482+13.9%
1971531+10.2%
1981641+20.7%
ГодинаНас.±%
1991698+8.9%
1994677−3.0%
2002686+1.3%
2021718+4.7%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[3]

Низ сите пописни години, селото е во речиси постојан раст, што веројатно се должи на неговата близина до Куманово. Во 2002 година во селото живееле 686 жители, од кои 440 Македонци, 243 Срби и 3 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 718 жители, од кои 452 Македонци, 86 Албанци, 1 Влав, 147 Срби, 12 останати и 20 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 413 423 482 531 641 698 677 686 718
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

уреди

Љубодраг е мешано село.

Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:

Српски

Македонски

Општествени установи

уреди

Иселеништво

уреди

Во периодот од 1946 до 1956 г. во германското село Глогоњ кај Панчево во Војводина се имаат преселено родовите Брекиќи (1 куќа), Јовиќи (2 куќа) и Величковиќи (2 куќи), на местото на протераното население.[11]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 185. ISBN 9989-862-00-1.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Љубодраг — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
  11. Трифуноски, Јован (1958). О послератном насељавању становништва из НР Македоније у три банатска насеља, Јабука, Качарево и Глогоњ. Нови Сад: Матица Српска.

Надворешни врски

уреди