Удово

село во Општина Валандово


Удово — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Удово
Викиекспедиција Бојмија 236.jpg

Панорамски поглед на селото

Удово во рамките на Македонија
Удово
Местоположба на Удово во Македонија
Удово на интерактивна карта

Карта

Координати 41°20′35″N 22°26′34″E / 41.34306° СГШ; 22.44278° ИГД / 41.34306; 22.44278Координати: 41°20′35″N 22°26′34″E / 41.34306° СГШ; 22.44278° ИГД / 41.34306; 22.44278
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Valandovo Municipality.svg Валандово
Област Бојмија
Население 766 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2464
Повик. бр. 034
Шифра на КО
Надм. вис. 90 м
Удово на општинската карта
Удово во Општина Валандово.svg

Атарот на Удово во рамките на општината
Commons-logo.svg Удово на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

 
Поглед на селото од Давидовскиот манастир

Ова некогаш значајно село се наоѓа во областа Бојмија, во западниот дел на територијата на Општина Валандово, чиј атар се допира со левиот брег на реката Вардар. Од градот Валандово селото е оддалечено 13 километри.[2]

Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 90 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 20,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.602 хектари.[2] Кај селото, во реката Вардар, се наоѓа вториот по големина остров во Македонија (и најголемиот речен остров во земјата), наречен Удово, чија површина изнесува 6 хектари.[3]

ИсторијаУреди

 
Селото во 1931 година

Удово бележи постара историја. Порано, во селото живееле претежно Турци и неколку куќи Власи. Старото село се наоѓало во денешното Долно (Удово) Маало. Со текот на годините, Турците се иселиле во Турција и во Скопје, додека Власите во иселиле во Гевгелија.

Во XIX век, Удово било турско село во рамките на Дојранска каза на Отоманското Царство.

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[4]

Со изградбата на вардарската железница, Удово било позната товарна и истоварна станица, но подоцна замрело како таква населба.[2]

Кога била отпочнат планот за изградба на ХЕЦ „Градец“, семејствата на селото почнале принудно да се населуваат во Удово.

СтопанствоУреди

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948142—    
1953220+54.9%
1961287+30.5%
1971505+76.0%
1981827+63.8%
ГодинаНас.±%
1991870+5.2%
1994886+1.8%
2002851−4.0%
2021766−10.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Удово имало 425 жители, од кои 375 Турци и 50 Роми.[5]

Во 1961 година, Удово било мало село и броело 287 жители, но во 1994 година, по пат на имиграција, бројот се зголемил на 886 жители, од кои 856 Македонци, 11 Турци и 7 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Удово имало 851 жител, од кои 838 Македонци, 7 Турци, 2 Срби и 4 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 766 жители, од кои 738 Македонци, 11 Турци, 3 Срби, 2 останати и 12 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 425 142 220 287 505 827 870 886 851 766
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Општествени установиУреди

  • Подрачно училиште „Страшо Пинџур“
  • Пошта (2464)
  • Амбуланта

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Удово, во која влегувале селата Аразли, Баракли, Башали, Градец, Ѓулели и Удово.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Удово, во која покрај селото Удово се наоѓале селата Ајранли, Дразни, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш и Терзели.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во селото постои избирачкото место бр. 291 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Градец.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 700 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Цркви[14]
Костурници

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 306. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Милевски, Ивица (2013). „За островите во Република Македонија“ (PDF). Географски разгледи. 47.
  4. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 август 2017.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врскиУреди