Преод

село во Општина Свети Николе, Македонија

Преод (поретко како Преот) — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Преод

Поглед кон селото

Преод во рамките на Македонија
Преод
Местоположба на Преод во Македонија
Преод на карта

Карта

Координати 41°54′36″N 21°51′09″E / 41.91000° СГШ; 21.85250° ИГД / 41.91000; 21.85250
Регион  Вардарски
Општина  Свети Николе
Област Овче Поле
Население 25 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24030
Надм. вис. 550 м
Слава Спасовден и Мала Богородица
Преод на општинската карта

Атарот на Преод во рамките на општината
Преод на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Куќи во селото

Ова село се наоѓа во областа Овче Поле, на североисточните падини на Градиштанска Планина, во северозападниот дел на територијата на Општина Свети Николе.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 550 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 11 километри.[2]

Преод е вгнезден во еден засек, над кој се пружа рамнина, каде во минатото се наоѓала шума. Од рамнината извира повеќе извори со добра вода за пиење, од кој најглавниот е наречен Орашка Вода. Во засекот постојат извори, кои се соѕидани во чешми наречени Горна Чешма и Карпа Чешма. Истовремено, селаните поседуваат и повеќе бунари.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Каменито Брдо, Средни Рид, Осој, Дабев Камен, Широки Дол, Белези, Скопско Џаде, Митев Рид, Бела Чука, Врањак, Лезички Дол, Садеви, Рамни Рид, Кузева Страна, Орманче, Орлујево, Брегој, Гумниште, Бубаќи, Галабова Дупка, Голем Рид и Орашки Камен.[3]

Селото има збиен тип. Селото е поделено на четири маала: Горно, Долно, Мусеско и Гргуровско.[3]

Преод се наоѓа десно од автопатот А4, на кој има посебен излез заедно со селото Алакинци. До него води асфалтен пат, кој се поврзува со регионалниот пат Скопје-Свети Николе.

Историја

уреди

Преод е младо село. По традицијата било основано кон крајот на XVIII век. Основачи на селото биле Македонци доселени од некогашното село Слатино. Селото Слатина се наоѓало во близина на патот Куманово-Свети Николе, околу 1.300 метри северно од селото Мездра.[3]

Земјата на кое било основано селото се наоѓала под шума. Шумата и атарот на Преод припаѓале на постарите соседни македонски села Сопот и Крушица, кои ја остапиле земјата на новото село. Во почетокот, атарот на Преод бил доста мал, но тој постепено се ширел на сметка на делови од атарите на соседните села.[3]

На месноста Белези под селото, на самата атарска граница со Сопот, се наоѓаат траги во камен. За овие траги, мештаните веруваат дека се работи за скок на Крале Марко.[3]

Стопанство

уреди
 
Сокак низ селото

Атарот зафаќа простор од 10,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 548 хектари, на пасиштата отпаѓаат 288 хектари, а на шумите 127 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

До крајот на отоманската власт, земјиштето во селото било во посед на селаните, но постоеле и четири чифлици. Сопствениците на чифлиците живееле во Скопје. Кон крајот на отоманската власт, земјата ја продале на селаните.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948567—    
1953507−10.6%
1961390−23.1%
1971198−49.2%
198180−59.6%
ГодинаНас.±%
199139−51.2%
199440+2.6%
200244+10.0%
202125−43.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Преод имало 360 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Преод имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[6]

Селото е мало, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 390 жители, но во 1994 година бројот се намалил дури на само 40 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Преод живееле 44 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, од кои 6 Македонци и 19 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 320 567 507 390 198 80 39 40 44 25
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Преод е македонско село, каде се познаваат три групи на родови.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Основачи: Чапровци (7 к.), Калинци (11 к.), Мушевци (14 к.) и Тангурци или Дулевци (4 к.), потекнуваат од предци кои живееле во Слатина, село кое сега не постои. Во родот Чапровци се знае следното родословие: Давчо (жив на 75 г. во 1957-58 година) Спасо-Бошко-Коле, од Слатина се доселил неговиот татко. Во родот Калинци се знае следното родословие: Ѓеле (жив на 79 г. во 1957-58 година) Смиле-Ѓоргија-Петко-баба Калина, која се доселила во селото;
  • Постари доселеници: Ѓургуровци (11 к.), доселени се од некое скопско село Бучук (?); Кркашовци (11 к.), доселени се од некое село во Прилепско; Џамбазовци (2 к.), доселени се однекаде; и
  • Понови доселеници: Ванко (1 к.), Санде (1 к.), Санде (1 к.), Стојче (1 к.) и Стојан (1 к.), доселени се од околината на Крива Паланка. Стојче од селото Градец, а Стојан од Страцин, тие се познати под името Шопи; Благоја (1 к.), доселен од селото Габреш.

Иселеништво

уреди

Се знае за следниве иселеници од селото: Донче иселени се во селото Кнежје, Тренчеви, Бучкови и Мусевци, во периодот од 1941-44 се иселиле во селото Кадрифаково, а Смилеви во 1936 година се иселиле во селото Буриловци.[3]

После Втората светска војна имало иселеници во Скопје, Штип, Велес, Куманово.[3]

Општествени установи

уреди
 
Месна заедница во Преод
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

уреди

Во XIX век, Преод било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Горобинци, во која покрај селото Преод, се наоѓале и селата Горобинци, Ѓузумелци, Крушица, Сопот и Трстеник. Општината Горобинци постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе влегувале селата Горобинци, Ѓуземелци, Преод, Сопот, Трстеник и Џидимирци.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1688 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватен објект.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Св. Димитриј“
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]

Редовни настани

уреди
Слави[3]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 243. Посетено на 25 април 2021.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 675–677.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 233.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 134-135.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 април 2021.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 25 април 2021.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 356. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди