Голем Радобил

село во Општина Прилеп

Голем Радобил или Големо Радобил[2] — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Голем Радобил

Поглед на селото Голем Радобил

Голем Радобил во рамките на Македонија
Голем Радобил
Местоположба на Голем Радобил во Македонија
Голем Радобил на карта

Карта

Координати 41°22′45″N 21°48′26″E / 41.37917° СГШ; 21.80722° ИГД / 41.37917; 21.80722
Регион  Пелагониски
Општина  Прилеп
Област Раец
Население 96 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7500
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20023
Надм. вис. 620 м
Голем Радобил на општинската карта

Атарот на Голем Радобил во рамките на општината
Голем Радобил на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Голем Радобил се наоѓа во североисточниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, од десната страна на патот Прилеп-Кавадарци. Селото е ридско и се простира на надморска височина од 620 м. Од градот Прилеп е оддалечено 28 км, а од градот Скопје околу 98 км. Неговиот атар зафаќа површина од 25,1 км2.[3]

Историја

уреди

Во XIX век, селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Во 1908 година, селото било опишано како слободно христијанско село со 120 куќи, а било споменато и како едно од најбогатите села во Тиквеш.[4]

Стопанство

уреди

Селото има полјоделско-сточарска функција. Во рамки на селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 2.086,2 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 359,3 ха, а на шуми отпаѓаат 42,9 ха.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948467—    
1953441−5.6%
1961429−2.7%
1971304−29.1%
1981196−35.5%
ГодинаНас.±%
1991105−46.4%
1994108+2.9%
2002107−0.9%
202196−10.3%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Големо Радобил било село во Прилепската каза со 64 домаќинства и 279 жители.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голем Радобил имало 700 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 720 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]

Селото броело 429 жители во 1961 година, додека во 1994 година во селото живееле 108 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 107 жители, сите Македонци.[8] Од нив 64 биле жани, а 43 жени.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 96 жители, од кои 85 Македонци и 11 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 700 720 467 441 429 304 196 105 108 107 96
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи

уреди
  • Основно училиште

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.

Избирачко место

уреди

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1427 кое е сместено во соновното училиште.[14]

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 93 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Црквата „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви
Реки


Личности

уреди
Родени во Голем Радобил

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 80-81.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 71.
  4. Материали за военно-географическия обзор на Македония, II Тиквешки район, Печатница „Военен журнал“, София, 1908, стр. 19.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 104-105.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јуни 2019.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Изборна единица 4: Општина Прилеп“ (PDF). Посетено на 7 јуни 2019.
  15. „Претседателски избори 2019 (Втор круг)“. Архивирано од изворникот на 2020-06-13. Посетено на 7 јуни 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 20. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 59. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

уреди