Лешница (Гостиварско)

село во Општина Гостивар

Лешница — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.

Лешница
Лешница во рамките на Македонија
Лешница
Местоположба на Лешница во Македонија
Лешница на карта

Карта

Координати 41°47′54″N 20°51′33″E / 41.79833° СГШ; 20.85917° ИГД / 41.79833; 20.85917
Општина Гостивар
Население 128 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 07048
Надм. вис. 634 м
Лешница на општинската карта

Атарот на Лешница во рамките на општината
Лешница на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 5,5 километри западно од Гостивар.

Историја

уреди

Во XIX век селото било дел од Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948182—    
1953183+0.5%
1961169−7.7%
1971133−21.3%
1981109−18.0%
ГодинаНас.±%
1991123+12.8%
1994127+3.3%
20023−97.6%
2021128+4166.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лешница живееле 140 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешница имало 600 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Лешница — село во Долнојеловјанска општина во Горнополошкиот срез и има 17 куќи со 109 жители, сите Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]

Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 128 жители, од кои 88 Македонци, 31 Албанец и 9 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 140 600 182 183 169 133 109 123 127 3 128
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Лешница е македонско село. Според истражувањата правени во доцните четириесетти на 20 век родови во селото се:

Ристевци (4 к.), Стојановци (6 к.) и Ефтовци (6 к.) ова се староседелски родови; Уковци (2 к.) доселени се однекаде; Мојсовци (4 к.) доселени се од селото Дуф; Цветковци (2 к.) доселени се однекаде; Ѓуровци (1 к.) доселени се од селото Маврово.[13]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 532 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.213.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.124-125.
  5. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.25.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди