Еднокуќево

село во Општина Босилово

Еднокуќево — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Еднокуќево
Еднокуќево во рамките на Македонија
Еднокуќево
Местоположба на Еднокуќево во Македонија
Еднокуќево на карта

Карта

Координати 41°25′55″N 22°43′59″E / 41.43194° СГШ; 22.73306° ИГД / 41.43194; 22.73306
Општина Босилово
Население 634 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27029
Надм. вис. 215 м
Еднокуќево на општинската карта

Атарот на Еднокуќево во рамките на општината
Еднокуќево на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
ОУ „Гоце Делчев“
 
Црква „Св. Св. Кирил и Методиј“
 
Џамија во селото

Еднокуќево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Струмичка Котлина, во близина на патот Струмица-Ново Село и реката Струмуица, која поминува покрај селото. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 8 километри.

Надморската височина во селото е 215 метри додека селото зафаќа површина од 2,3 км2. Од нив целиот атар се обработливо земјиште[2]

Ран период

уреди

Името Еднокуќево претставува сложенка од зборовите „еден“ и „куќа“ со помош на наставката „-ево“, на грчкиена спити“ – „една куќа“. Името на селото се совпаѓа со името на соседното Моноспитово. Со тоа име селото постои од неговото основање, па сѐ до денешни дни. Месното население селото го нарекува со формата Еднокуќево[3].

Отоманско Царство

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 50 семејства и сите биле утврдени како Македонци[4][5] Но, овој факт е погрешен бидејќи во селото во овој период живееле исклучиво турско население. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 650 жители Турци[6].

Југославија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија

уреди

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948426—    
1953511+20.0%
1961501−2.0%
1971504+0.6%
1981577+14.5%
ГодинаНас.±%
1991668+15.8%
1994654−2.1%
2002678+3.7%
2021634−6.5%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 150 Турци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 678 жители и претставува средна по големина населба. Во Еднокуќево живеат Македонци и Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 634 жители, од кои 473 Македонци, 127 Турци, 6 Роми, 1 Србин и 27 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 650 426 511 501 504 577 668 654 678 634
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1814 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 539 гласачи.[14]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 542 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.111.
  3. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)

Надворешни врски

уреди