Суводол (Порече)
Суводол — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Суводол | |
![]() Поглед кон селото Суводол | |
Координати 41°31′13″N 21°14′20″E / 41.52028° СГШ; 21.23889° ИГДКоординати: 41°31′13″N 21°14′20″E / 41.52028° СГШ; 21.23889° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 197[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 6530 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03043 |
Надм. вис. | 560 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Порече, во јужниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од десната страна на реката Треска.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 560 метри.[3]
Атарот зафаќа површина од 8,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 770 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат само 40 хектари.[3]
ИсторијаУреди
Во XIX век, Суводол било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
Селото нема изразена стопанска функција.[3]
НаселениеУреди
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Суводол имало 112 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Суводол имало 136 жители.[5]
Суводол е мало, населено со македонско население. Во 1961 година броело 123 жители, а во 1994 година 188 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Суводол имало 207 жители, сите Македонци.[1] Во Суводол се бележи благо зголемување на бројот на жителите, благодарение на близината со градот Македонски Брод.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Суводол има 197 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 191 |
Албанци | 1 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 5 |
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210 | 160 | 113 | 106 | 123 | 116 | 152 | 171 | 188 | 207 | 197 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
РодовиУреди
Суводол е македонско село.
Според истражувањата од 1926 година, родови во Суводол се:
- Доселеници: Колимагаровци (6 к.) најголем род во селото. Потекнуваат од двајца браќа кои дошле како робови од Русија, тука тие пораснале служејќи му на шеикот. Пред смртта шеикот ги викнал и им рекол дека бил задоволен со нив, па пред смртта сакал да ги осигура. И ги прашал каде би сакале да се населат, а тие му одговориле дека со задоволство би се населиле на Барбарешка Река, и така тие го основаат Суводол; Карлуковци (1 к.), Србиновци (2 к.) и Близнаковци (1 к.), доселени се од блиското сега раселено село Барбарос.[10]
Општествени установиУреди
- Основно училиште „Св. Климент Охридски“ до V одделение[11], подрачно училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод.
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суводол и Требино.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Суводол се наоѓале селата Брод, Грешница, Девич, Дреново, Латово, Сланско и Требино.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачко место бр. 0231 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 160 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 156 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви[15]
- Црква „Св. Никола” — главна селска црква, изградена во 1967 година
ЛичностиУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 ноември 2017.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 290. Посетено на 9 ноември 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник.
- ↑ „ПУ Суводол“. македонски: ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод. Посетено на 8 ноември 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)
Надворешни врскиУреди
- Суводол (Порече) на Ризницата ?